-1x-1

Кој ја пробал пицата од Domino’s Pizza не зажалил. Вкусна, сочна, миризлива и топла – се` што една пица треба да биде. Domino’s сакаат да ја претркаат конкуренцијата со уште една иновација во доставата на пица, а тоа се специјални автомобили-печки наречени Domino’s Delivery Expert (DXP).

Како што знаеме, кај нас разнесувачите на пици користат моторчиња. Иако тоа е скоро совршено превозно средство за низ градските улици, не секогаш ги носи доволно брзо и доволно стабилно на потребната дестинација, а воедно има ограничен капацитет за пренос.

Од друга страна DXP, кој е специјално преработен Spark од Chevrolet, ќе има капацитет да пренесе дури 80 пици одеднаш и да пече дополнителни додека ви ги носат! Токму така, од едната страна на Spark-от ќе има вратичка која ќе носи до печката вградена во возилото. Тоа ќе ја пече вашата пица, па доставувачот ќе ви достави совршено-свежа пица.

Ова е една од оние идеи за кои се чудите „како не ви текнало“, нели? Прилично едноставна, но ефикасна и веројатно ќе го подобри квалитетот на пицата бидејќи ќе биде уште посвежа. Во исто време возилото ќе биде означено со дизајни од Domino’s и ќе претставува движечка реклама, далеку поголема отколку ли што можат да бидат моторчињата.

Американските Domino’s Pizza ќе добијат повеќе вакви возила за разнесување кои би требало да бидат уште позгодни од моторчиња за самите разнесувачи. Дали ќе се пренесе ова и кај нас не знаеме да кажеме бидејќи обично работите кај нас каснат барем една деценија. Сепак, никогаш не треба да престанеме да се надеваме – или да го изградиме самите со сопствена претприемачка иницијатива тоа што гледаме дека фали на пазарот.

Извор: Engadget, Autoblog, Bloomberg

Претходна статијаGarmin има нови паметни часовници наменети за фитнес зависниците
Следна статијаFairphone 2 е првиот модуларен паметен телефон