odin_3e4e36945d0bc9540db8df067a099417.nbcnews-ux-600-480

Одите на одмор и си го зедовте лаптопот. Седнувате да работите на некоја слика и сфаќате дека го заборавивте глушецот, или едноставно не сакавте да го носите со себе. На самиот лаптоп имате trackpad, но не е доволно голем или прецизен за завршување добра работа. Што велите за trackpad кој може да се проектира на било која површина било каде?

За оваа цел има активиран Kickstarter проект кој го создаде првиот ласерски проектиран глушец кој всушност работи повеќе како trackpad. Главата на уредот изгледа како глава од робот (не е познато зошто) која пушта ласер. Тој се одбива од површината или од вашите прсти и се враќа назад кон сензорот кој ги пренесува вашите движења во команди, како на класичен trackpad. Има и дополнителни две површини во горниот дел кои глумат лево и десно копче.

ODiN можете да го користите и како класичен екран осетлив на допир, со познатото зумирање со две прсти, а можете да вртите низ страници или меѓу нив со помош на два прста кои ги движите паралелно, налик trackpadот на Apple. Кампањата за ODiN е повеќе од успешна бидејќи неговите автори се пофалија дека веќе добиле 216% средства од оригинално побараните 50 илјади долари. Сепак, постои можност да го нарачате уредот тука за 69 долари, во кои е вклучен и патот. Можете да си одберете и боја: металик-зелена, светлосива или црна.

Извор: Engadget, NBC News

Претходна статијаВраќање кон корените – Nokia 105
Следна статијаГолемиот хадронски судрувач при CERN повторно активиран во научна спрега