tracker

По цели две години надградби, одржувања и поправки, големиот хардонски судрувач (ГХС) при CERN (европската организација за нуклеарни истражувања) повторно беше активиран во служба на науката. Тој успешно го изврши најновото судрување на 100 милијарди фотони со што го означи почетокот со втората фаза во неговото работење.

Тоа што беше надградено кај ГХС е количеството на енергија кој може да го употреби за изведување на судари. Имено, тој отсега ќе има капацитет да употребува дури 13 трилиони електронволти, што е скоро дупло повеќе него енергијата која можеше да ја употреби на почетокот од својата работа.

Директорот на CERN за оваа пригода изјави: „Првите три години на ГХС, кои кулминираа со големо откритие во Јули 2012 година, беа само почеток на нашиот пат. Време е за нова физика! Бевме сведоци на првите нови податоци кои почнаа да течат. Да видиме што ќе ни откријат околу тоа како функционира нашиот универзум“.

Под „големо откритие“ секако се мисли на хигсовиот Бозон, сега веќе потврдена честичка која беше теоретизирана дека постои од страна на Питер Хигс, теоретски физичар кој ја доби и Нобеловата награда за неговата работа во физиката. Научниците продолжуваат да го користат ГХС за анализа на услови кои постоеле на почетокот на вселената, за да можат да анализираат што точно се случило во минатото кое довело до нашето постоење, создавањето на универзумот во ваква форма и со овие физички закони. Со него тие сакаат да најдат докази за постоење на нови, егзотични честички зад Стандардниот модел, како и тие наречени „партнерски честички“ кои се предвидени со една подтеорија на физиката наречена суперсиметрија.

Да се надеваме дека новите надградби ќе им го овозможат тоа и ќе можат да го надградат напредокот на човештвото во науката на повисоко ниво.

Извор: The Verge, CERN

Претходна статијаODiN – Kickstarter проект за ласерски проектиран глушец/trackpad
Следна статијаMicrosoft претстави микро компјутери со Windows 10, големи колку адаптер

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.