Microsoft реши да го одложи пуштањето на уредите со двоен екран, а со тоа и на оперативниот систем кој требаше да биде нивна основа, Windows 10X. Кога се дозна за оваа одлука, јасно стана дека некои работи може да се променат до одлуката да се пушти системот.

Windows 10X според неофицијалните информации, односно изворите на неколку американски портали, ќе биде официјално пуштен идната пролет, а оперативниот систем ќе има неколку промени до тогаш.

Главната промена, која се гледа и од моментално достапните тест верзии, е тргањето на можноста за пуштање на win32 апликации преку систем за виртуелизација, односно тргнат е целосно тој систем. Изворите на Windows Central потврдуваат дека тоа не е случајно и дека има зошто.

Windows 10X кога ќе биде пуштен ќе има поддршка само за апликациите кои се достапни преку Microsoft Store, како и веб апликациите кои се почесто ги има со развојот на веб технологијата. Многу често за одредени сервиси веќе и не е потребна локална апликација, кога истата цел може да се постигне со сите потребни функции и перформанси и со веб апликација.

Ова значи дека Microsoft планира да со овој оперативен систем му конкурира на Google и нивниот Chrome OS кој исто така е познат по тоа што работи на основа на веб апликации, но Google му додаде и можност за пуштање на Android апликации, што сепак е голема предност.

Главната причина за тргањето на поддршката за win32 апликациите, односно „обичните“ апликации кои ги инсталираме на нашите компјутери, е желбата да Windows 10X биде едноставен систем кој нема да бара многу ресурси. Систем кој ќе работи во главно со веб апликации сигурно ќе биде навистина лесен, а доказ за тоа е и Chrome OS, односно Chromebook лаптопите.

Оваа категорија на уреди досега најмногу се покажа како успешна во образовните институции, како и кај корисниците кои не сакаат многу да платат, а сепак да добијат функционален уред кој работи добро. Тоа се корисници кои во главно работат со документи и сурфаат по интернет, гледаат видеа и слично, па немаат потреба од апликации како Photoshop, игри и други.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаОткриена слабост кај брзите полначи кои можат да бидат хакирани да го прегреат или дури запалат мобилниот уред кој се полни
Следна статијаПоевтиниот OnePlus Nord официјално претставен со почетна цена од 399 евра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.