windows-10-desktop-2

Windows 10 и досега се симнуваше во позадина на компјутерите коишто имаат вклучено автоматска надградба на нивниот систем. Од почетокот на овој месец, Microsoft ќе ја појачи својата „иницијатива“ за што поголем број на надградби со додавање на истата во категоријата на препорачани надградби, од досегашната опционална.

Тоа значи дека на системите каде што е вклучено автоматското надградување, Windows 10 ќе биде симнат и процесот за надградба автоматски ќе започне. Тоа сепак не значи дека системот ќе биде инсталиран, па корисниците да се изненадат при наредното рестартирање на својот компјутер.

При почетокот на процесот на надградба, корисниците ќе имаат можност истата да ја прекинат, односно да не продолжат со инсталацијата.

windows-10-upgrade

Како што знаете, корисниците на Windows 7 и 8/8.1 можат бесплатно да ги надградат своите системи на Windows 10 до ова лето.

Покрај одличните критики на новиот Windows 10, како и одличната прифатеност од страна на корисниците, сепак бројот на корисници коишто упорно се држат до својата постара верзија од оперативниот систем не е мал.

Затоа Microsoft прави се што може да ги „натера“ корисниците да ја користат најновата достапна верзија. Важно за успехот на нивниот нов концепт е корисниците да ја користат 10-ката којашто е поврзана и со другите видови на уреди, а не само десктоп компјутерите.

Извор: The Verge, ZDNet, GHacks

Претходна статијаПриватност и заштита на Интернет – Практични совети – Дел 1
Следна статијаAlphabet стана највредната компанија во светот – Го презема местото од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.