Windows 10 е најпопуларниот производ на Microsoft во моментов и после подолго време, производ кој беше одлично примен од публиката. Сепак, како и секогаш во минатото на Microsoft, тој не помина без проблеми, особено во првата година. Со првиот поголем Anniversary Update, Microsoft делумно ги среди „баговите“, но вистински напредок беше постигнат со Creators Update оваа година.

Поради честите негативни коментари за нестабилноста на Windows 10, Microsoft особено ги нагласува подобрувањата во овој дел по последната најголема надградба. Поточно, тие нагласуваат дека Windows 10 сега е 39% постабилен на ниво на оперативниот систем и во врска со драјверите, што беше реален проблем за постарите компјутери и лаптопи. Исто така, Windows 10 после Creators Update се стартува за 15% побрзо, веб сајтовите се отвораат за 53% побрзо, додека Windows Hello го препознава лицето на корисникот за 30% побрзо време.

Од Microsoft изјавуваат дека Windows 10 овозможува и подолго траење на батеријата кај лаптопите и таблетите, особено ако се користат нивните апликации. На пример, во Movies&TV апликацијата, при гледање офлајн видеа батеријата ќе трае од 2,5 до 5 % подолго, додека доколку корисникот сурфа на Edge, може да се надева на 17% подолго траење на батеријата. Се на се, Windows 10 со овие подобрувања овозможува многу помазно искуство за корисниците, нешто што Microsoft ветува дека дополнително ќе се подобри во иднина.

Најголемата предност на Windows 10 во однос на конкурентите, а особено во насока на подобрување на корисничкото искуство, е тоа што Microsoft е во редовна комуникација со своите корисници. Поточно, тие се едни од ретките компании кои редовно ги следат проблемите на корисниците на Windows 10 и нивните барања за имплементација на новини во системот, што придонесе за прилично брз напредок на оперативниот систем и надградби кои секогаш донесуваат нешто ново и свежо.

Всушност, токму благодарение на тоа, Fall Creators Update надградбата, која ќе пристигне во наредниве неколку месеци, ќе донесе големи подобрувања во однос на приватноста на корисниците, што е сѐ уште еден од најголемите проблеми во Windows 10.

Извор: TechRadar, ARS Technica, BetaNews

Претходна статијаПрви информации за Samsung Galaxy X, телефонот кој ќе може да се превитка
Следна статијаHuawei Mate 10 Lite ќе има издолжен 18:9 дисплеј и четири камери