New TouchWiz header-970-80

Покрај тоа што е дефинитивно најголем иноватор кога е во прашање хардверот кај паметните телефони, Samsung не е особено популарен по својата преработка на Android. Нивниот TouchWiz скин отсекогаш важел за прилично бавен и наполнет со непотребни апликации и можности, работи кои делумно се средија во последно време, но не и онаа која се гледа на прв поглед – дизајнот кој изгледа буквално како излезен од цртан филм.

Ова особено е нагласено со Super AMOLED дисплеите кај скоро сите телефони на Samsung од средната и високата класа, кои имаат висок контраст и исклучиво силни и длабоки бои. Поради негативните коментари од скоро сите рецензенти и самите корисници на нивните паметни телефони, Samsung се чини конечно ќе преземе поголеми чекори кон тоа да го направи TouchWiz употреблив и многу поубав за гледање и првиот уред кој ќе дојде со оваа верзија ќе биде Note 7.

Според видео од HDblog.it, каде често гледаме најразлични протечени уреди (на италијански јазик), најголеми промени ќе добие лентата за известувања која се симнува од горниот дел, каде отсега ќе може да направите многу повеќе, како на пример да изберете Wi-Fi мрежа, а не само да ја вклучите или исклучите таа опција.

Исто така, иконите ќе добијат повеќе пастелни бои од кои помалку ќе ве болат очите, а „украдени“ се и неколку финти од Apple, како на пример заматувањето на позадината кога ќе се отвори фолдер, што предизвикува 3D ефект.

Новиот Note 7, кој треба да пристигне во август, според протечените информации за новиот TouchWiz веројатно ќе има и можност за препознавање на притисокот на прстот. Поточно, во TouchWiz се тестира можност за брзо влегување во некои делови на апликациите со посилно притискање на иконата, исто како 3D Touch кај Apple. Кај уредите кои немаат ваква можност, ова веројатно ќе биде изведено со лизгање на прстот над иконата, нагоре.

Screen-Shot-2016-06-28-at-12.04.52-1280x720 copy

Извор: Mashable, TechRadar, TechnoBuffalo

Претходна статијаWindows 10 Anniversary Update за мобилните ќе биде достапна заедно со десктоп верзијата
Следна статијаDell претстави 70 инчен екран на допир кој треба да ги замени белите табли во училиштата и компаниите