Двете години по ред во кои втората „поголема“ надградба на Windows 10 не е баш така голема, им даде идеја на Microsoft како тие во иднина почесто да донесуваат надградби на оперативниот систем кои не донесуваат големи новини.

Овие надградби, како што беше и случајот со последната, не ги менуваат суштински системските датотеки, не го менуваат оперативниот систем и поради тоа можат да се инсталираат многу побрзо.

Windows Feature Experience Pack е новината која на корисниците на Windows 10 ќе им донесе почесто новини кои не се дел од поголемите надградби. Тоа значи дека новините нема да бидат нешто посебно големи, но затоа можат да го подобрат корисничкото искуство, а посебно што за нив нема да мора да се чекаат двата годишни периоди кога Windows 10 добива надградби.

Со други зборови, Windows Feature Experience Pack ќе се користи за воведување или надградба на функции кои не се врзани за оперативниот систем, но исто така не се апликации кои може да се надградат преку Microsoft Store.

Први кои ќе добијат ваква надградба се корисниците на Beta каналот од Insider програмата, а за почеток новините кои ги донесува се навистина мали. Windows Feature Experience Pack 120.2212.1070.0 на корисниците им донесува можност за директно зачувување во File Explorer преку „paste“ функцијата на копираните слики од екранот преку Screen snip апликацијата, како и можност за поделена тастатура за уредите со екран на допир.

Овој начин на воведување на мали новини во Windows 10 во иднина се планира да стане стандарден, па корисниците веќе нема да мора да чекаат повеќе месеци за помалите, но корисни новини.

Инаку, за идната година веќе се најавува дека Windows 10 ќе добие доста поголема надградба во есен, нешто што ќе донесе најмногу новини после повеќе години, меѓу кои се верува дека ќе биде и поддршката за инсталирање на Android апликации преку Microsoft Store.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПатување со автомобил – Макпетрол совети за на пат
Следна статијаНа првиот „Демо ден“ на Брејнстер, студентите од Академијата за Data science презентираа реални проекти пред повеќе од 40 компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.