ios8-missioncontrol-small_1x

Овој концепт за тоа како би можел да изгледа iOS 8 или поточно работата со Control Center функцијата претставена во iOS 7, доаѓа од дизајнерот Bill Labus. Control Center е ново мени во iOS 7 до кое што се пристапува со влечење на прстот од долната страна на екранот, па нагоре, преку кое што добивате брз пристап до копчиња за вклучување и исклучување на Wi-Fi конекцијата на пример, светлината на екранот и слично.

Како што истакнува Bill, тој ја користи оваа функција многу повеќе отколку што очекувал и ја смета за доста корисна. Меѓутоа најмногу ја користи мултитаскинг функцијата преку која што се префрлате од една во друга апликацијата од листата на активни апликации. За да ја видите оваа листа потребно е два пати да притиснете на home копчето. Ова е нешто што Bill смета дека одзема непотребно многу време, посебно кога ќе се пресмета и времето за анимацијата за транзиција на екранот. Тој во ова видео предлага да со повлекување со прстот нагоре, покрај Control Center, да ја вклучувате и листата на активни апликации. Меѓутоа да не ви објаснуваме премногу, погледнете го видеото и видете сами, па пишете во коментарите што мислите вие за овој концепт.

Извор: Dribbble

Преку: BGR

Претходна статијаMediaPad X1 – 7 инчен телефон од Huawei
Следна статијаNokia претстави три Android телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.