Денес скоро сите Windows 10 верзии наликуваат една на друга и корисниците на 10-ка за компјутер не би требало да имаат проблем да ракуваат со Xbox или Windows 10 Mobile.

Сепак, Microsoft работи на целосно унифицирање на сите верзии на 10-ката, односно адаптирање на интерфејсот само на големината на дисплејот. Благодарение на тоа, наскоро би можеле да очекуваме промени во дизајнот на Windows 10 Mobile.

Како што може да се види од видеото на колегите од Windows Central, Windows 10 Mobile со CShell добива можност за поголеми живи плочки на почетниот дисплеј, односно најголемите достапни на десктоп верзијата. Исто така, менито кое се отвора при долго стискање на која и да било жива плочка е целосно исто како кај десктоп верзијата. И не само тоа – многу е покорисно од досегашните можности.

Понатаму, CShell донесува и можност за користење на почетниот екран и на сите апликации во легнат “landscape” мод, а и Action Center е исто така подеднаков на оној од стандардниот Windows 10.

Во Continuum пак, корисникот може да ги лансира апликациите во посебни прозорчиња, исто како што тоа би го направил на својот компјутер, нешто на кое чекавме подолго време.

Сите овие подобрувања со CShell можеби доаѓаат многу касно за спас на Windows 10 Mobile, но се одлична најава за иднината на напорите на Microsoft да го освои пазарот на „мобилни уреди“. Според тоа, очекувајте Windows уреди со дисплеи со големина од 7 до 10 инчи во наредниве неколку години, кои ќе имаат ист интерфејс како десктоп и лаптоп компјутерите, нормално прилагоден за големината на дисплејот.

Извор: Windows Central, Engadget, ZDNet

Претходна статијаПрва фотографија од Tesla Model Y
Следна статијаApple ќе овозможи поправка на iPhone со сертифициран алат и во неофицијални сервиси