surfacedevicesondisp_web

Денес во Њујорк, Microsoft ќе го одржи својот најавен настан на којшто освен шпекулациите, се’ уште не знаеме точно што ќе биде претставено. Настанот ќе се одржи со почеток во 16:00 часот по македонско време, а истиот ќе може да се гледа во живо на следната страна.

Гледај го Microsoft настанот во живо

Што се однесува до очекувањата за тоа што треба да биде претставено, односно за што ќе се говори на овој настан, има неколку. Во самото име стои Windows 10, што до некаде укажува кои од шпекулациите може да бидат точни, односно се очекува претставување покрај на информации за оперативниот систем, нови уреди кои работат на него.

Една од главните неофицијални најави е таа дека Microsoft планира да ја прошири успешната Surface линија со се-во-едно компјутер. Покрај се поголемата популарност на помалите и преносни уреди, сепак не толку мал дел од пазарот се’ уште има корист од овој вид на уреди.

Овој уред се очекува да дојде со екран на допир, како и пенкалце кое на големиот екран ќе може да се користи за цртање и слично.

Покрај овој уред, кој би бил нов во серијата, се очекува претставување и на новите генерации од веќе постојните уреди. Па така, се очекува претставување на Surface Pro 5 и Surface Book 2.

Како и обично, од новите генерации на овие уреди не се очекува значителна промена во дизајнот, па може да очекуваме само нови компоненти, како и одредени помали промени, односно прилагодувања на постојниот дизајн.

Како и да е, настанот очекуваме да биде навистина интересен и вреди да се следи, ако не во живо, дефинитивно нашата статија која ќе ја објавиме по настанот.

Да потсетиме, настанот започнува во 16:00 и ќе може да го следите на линкот погоре.

Претходна статијаУСАИД им помага на микро и малите бизниси да растат и да се прошират на нови пазари
Следна статијаСатја Надела го објаснува пропуштањето на шансата на пазарот на мобилни телефони и ширењето во нови области
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.