Штетата поради забраната за соработка на американските компании со Huawei не ја погоди само оваа кинеска компанија. Американските компании исто така трпат загуби, а не е случајно што Google проба да лобира за тргање на забраната.

Една од областите каде Huawei е светски лидер е мрежната технологија, а истото важи и за најновата 5G безжична технологија. Оваа компанија е меѓу првите во светот по развојот на 5G, како и опрема за оваа технологија. Тие се дел од повеќе тела во светот преку кои се развиваат стандардите и нивната понатамошна употреба.

Ова е причината поради која Американското министерство за трговија се одлучи да ја тргне забраната за соработка со Huawei, по што американските компании повторно можат да соработуваат со оваа компанија, да ја споделуваат технологијата поврзана со 5G и слично.

Од министерството истакнаа дека САД нема да го предаде водството во глобалното иновирање, нешто што и самите си го направија со влегувањето во ваква „војна“ со Кина, а посебно со Huawei.

За жал, тргањето на оваа забрана не ја трга Huawei од листата на компании кои се сметаат за опасност по националната безбедност на САД, па тоа значи дека не може да се очекува повторна достапност на апликациите и сервисите од Google кај телефоните од Huawei. Ако работите продолжат во овој правец, можеби би дошло до целосно тргање на забраната, а тоа секако ќе зависи и од тоа кој ќе победи на претседателските избори на крајот од оваа година во САД.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаОгромен пораст на заинтересираноста за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови
Следна статијаWindows Insider програмата добива нови и појасни имиња на различните категории
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.