Shutterstock.com

По неколку неофицијални најави по медиумите, Microsoft официјално ги потврди преговорите кои се водат за купување на популарниот сервис TikTok, од кинеската компанија ByteDance. Преговорите кои се водат се за сопственост на сервисот во одредени земји, односно не за купување на сервисот целосно. Со тоа, Microsoft би бил сопственик и би го водел сервисот во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, додека за останатите земји ќе продолжи функционирањето како и досега.

Причината за можното купување на TikTok од страна на американска компанија, во овој случај Microsoft, е во информациите кои подолго време излегуваат поврзани со приватноста на корисниците на овој сервис. Исто така, треба да се додаде и веќе долгата политичко-економска војна која се води помеѓу САД и Кина, па позната е и кампањата за небезбедноста на се што е од Кина.

Директно учество во овој случај има и „Белата Куќа“, односно претседателот Трамп, со најава за забрана на сервисот во САД доколку не се договори купувањето од страна на Microsoft.

„По разговорот помеѓу директорот на Microsoft Сатја Надела и претседателот Доналд Трамп, Microsoft е спремен да ги продолжи разговорите за можно купување на TikTok во САД. Microsoft целосно ја цени важноста за решавањето на загриженоста на претседателот. Компанијата е посветена на купувањето на TikTok и спроведувањето на целосна безбедносна ревизија и овозможување на соодветна економска корист на САД.“ – истакнаа од Microsoft.

Microsoft се обврзува дека преговорите за купувањето на сервисот нема да траат подоцна од 15-ти септември, а исто така ги канат американските инвеститори да се вклучат во зделката со малцински удел.

Доколку се оствари оваа зделка, Microsoft „наеднаш“ ќе стане голем фактор на пазарот на друштвени мрежи, иако TikTok не е баш директен конкурент на мрежите како Facebook, но може да се каже дека има популарност и публика слична со таа на Instagram, мрежа каде видеата од TikTok се доста споделувани, а се најавуваат и конкурентни можности од оваа мрежа на Facebook.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаGoogle го претстави Pixel 4A и ги најави Pixel 5 и Pixel 4A 5G
Следна статијаКина нема да ја прифати „кражбата “ на кинеската компанијата TikTok
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.