3330_WC3335_WC3345_Cover.eps

Загреб, 13 септември, 2016. – Пад на продуктивноста во мала канцеларија може да почне поради некој дел од канцелариската опрема којшто никој не знае да го замени или поради некој процес со којшто никој не знае да управува. Без оглед дали се работи за проблем со интернет-поврзаноста, бавност на печатењето, лош квалитет на сликата или комплицирани параметри на уредот, понекогаш се потребни дури тројца луѓе за да го решат проблемот, што значително влијае на продуктивноста.

За да им помогнат на малите и средните компании да ги избегнат загубите, компанијата Xerox ги претстави мултифункционалните печатачи (MFP) Xerox WorkCentre® 3335/3345, како и Xerox Phaser® 3330, серија од нови црно-бели печатачи со коишто може да управувасекој, дури и лицата со најмало техничко знаење.

„Ако колегите постојано ви пречат во работата бидејќи им е потребна вашата помош при печатењето од облакот или при спојувањето на Wi-Fi, тогаш ќе ги обожувате овие производи“, рече Трејси Козиол, постар потпретседател на одделот Office and Solutions Business Group на компанијата Xerox. „Сега може да заборавите на пребарувањето низ многуте менија на уредот бидејќи 90 % од основните функции ги сместивме во главното мени на екранот, па така секој може едноставно и брзо да ја избере саканата функција и да се врати на својата работа.“

Овие печатачи овозможуваат едноставно спојување со мобилните уреди и едноставно поставување на задачите. Интерната Wi-Fi поврзливост и технологијата NFC, на вработените коишто работат терен им овозможуваат преку мобилните телефони или таблети да се поврзат и да го извршат печатењето од која било локација. Одликите коишто штедат време, како што се волшебникот за Wi-Fi инсталација и адресарот во уредот, овозможуваат брза достава на документите.

Министерството за труд на САД неодамна извести дека веќе трет квартал по ред се намалуваат бројките за деловната продуктивност, од што е видливо дека најголемите удари ги трпат малите компании на коишто им се потребни пристапни и сигурни алатки кои овозможуваат полесен начин на работа. 1

Компанијата Xerox ги дизајнираше MFP печатачите WorkCentre 3335/3345 и Phaser 3330 со множество моќни алатки за продуктивност за да им помогне на малите компании да откријат полесни и поедноставни начини на работа, вклучувајќи:

  • Значителна сила на процесорот и поголема брзина на печатењето од 35-42 ppm.
  • Зголемен квалитет на сликите (1200 x 1200 dpi) и остар приказ на текстот и деталите.
  • Изборна дополнителна фиока за хартија којашто овозможува печатење на дополнителни 550 страници за повеќе печатење без прекинување.
  • Најнови безбедносни одлики за чувствителните и доверливите документи да не дојдат до погрешни примачи
  • Можност за скенирање на е-пошта и можност за печатење од облакот или од УСБ-влезот на уредот
  • Голем touchscreen интерфејс во боја со чија помош навигацијата на сите функции на уредот е поедноставна
  • Опременост со функцијата Apple AirPrint, Google Cloud Print и Xerox Print Service Plug-in за Android и Mopria, коишто претставуваат комплет стандарди што овозможуваат печатење од мобилниот уред на печатачи од различни производители или трговски марки. Корисниците може да печатат е-пошта, фотографии и документи веднаш од кој било уред.
  • Месечен работен циклус до 80.000 печатени страници.

Достапност и цени

Уредите ќе бидат достапни на локалниот пазар во четвртиот квартал 2016 година и ќе бидат позиционирани по пристапни цени.

1 Канцеларија за статистика на работата, Министерство за труд на САД, втор квартал 2016.

За компанијата Xerox

Xerox помага да се смени начинот на којшто функционира светот. Со примена на својата стручност на обработката на сликите, деловните процеси, аналитиката, автоматизацијата и увидите во чиј центар е корисникот, создаваме тек на работата што нуди поголема продуктивност, делотворност и персонализација. Водиме работење во 180 држави и нашите повеќе од 140.000 вработени создаваат смислени иновации и нудат услуги на деловни процеси, опрема за печатење, софтвер и решенија коишто прават вистинска разлика за нашите клиенти и нивните корисници. На 29 јануари 2016 година, компанијата Xerox најави дека планира да се раздели на две независни претпријатија со јавно тргување: компанија за подизведба на деловните процеси и компанија за технологија на документи. Xerox очекува поделбата да заврши до крајот на 2016 г. Дознајте повеќе на: www.xerox.com.

Претходна статијаMicrosoft дефинитивно ќе ја замени Lumia линијата со Surface Phone
Следна статијаGoogle Chrome подиректно ќе ги истакнува страните кои не го користат HTTPS протоколот