Фото: EnGadget

Facebook прикажа неверојатни технологии кои во моментов се развиваат или допрва ќе се развиваат во иднина во насока на модернизирање и менување на начинот на кој луѓето комуницираат. За време на дводневната Ф8 конференција беа претставени концепти кои се граничат со научна фантастика, меѓутоа, како што изгледа ќе станат дел од реалноста многу поскоро од што тоа можеше да се замисли пред некоја година.

Фото: TechCrunch

Интерфејс за пишување поврзан директно со мозокот
Мистериозната Зграда 8 во комплексот каде е сместен Facebook ја чува во себе лабораторијата во која се развива концептот за пишување само со користење на мозокот. Како што е објавено, уред ќе го скенира мозокот повеќе од 100 пати во секунда во обид да дознае што мислиме и истото да го пренесе во дигитална форма.

Според очекувањата брзината на пишување на овој начин ќе биде за 5 пати поголема, односно 100 збора во минута. Технологијата е се’ уште во најраните фази на развојот, меѓутоа ветува многу. Финалната форма на оваа технологија би ја исфрлила потребата за тастатура или контролер преку кој корисникот ги пренесува информациите.

Слушање преку кожата
Повторно, лабораторијата од Зградата 8 развива неверојатна технологија со помош на која луѓето ќе можат да слушаат преку кожата. Објаснувањето на концептот звучи едноставно, меѓутоа во пракса е многу покомплицирано. Принципот на кој нашите уши ги претвораат вибрациите на воздухот во фреквенции разбирливи за нашиот мозок, може да се искористи и на нервните завршетоци кои луѓето ги имаат на својата кожа.

За сега, се работи за само 9 „пораки“ кои би можеле да бидат пренесени на овој начин, а детектирани преку специјален „ракав“. И оваа технологија е во својот ран зачеток меѓутоа остава простор за понатамошно искористување.

Surround 360 камера
Две нови верзии од веќе постоечката 360 камера која има можност да снима буквално 360 степени наоколу. Двата модела беа претставени минатата година, а веќе добиваат подобрено издание во две варијации х24 и х6.

Како што е познато, 360 и 3Д видеата се иднината на споделувањето на содржини, од проста причина што се добива комплетно реалистично чувство. Во таа насока Facebook се обидува да ги стимулира корисниците, но и конкурентските компании на развој и популаризација на оваа технологија.

Аугментирана реалност
Аугментирана или изобличена реалност е нешто што стана особено популарно кај младите корисници на социјалните мрежи. Ако примарно се чинеше дека Facebook го копира Snapchat превземајќи го концептот на забавни филтри врз фотографиите, всушност се испостави дека Facebook има сопствен план како да ја примени технологијата на аугментирана реалност. Тука не се работи само за забавни филтри туку развивање на особено комплициран софтвер кој со помош на камера ќе може да регистрира форми, ликови и сл. и ќе понуди комплетно ново искуство на реалност.

Изработка на филтри за фотографии
Facebook го симплифицира начинот на креирање на претходно споменатите филтри за истото да можат да го прават самите корисници без особено предзнаење. Примарно, креирањето на сопствени филтри ќе биде возможно само за дводимензионалните филтри кои немаат можност да бидат фиксирани за исвесен објект. Тоа од прилка ќе значи дека корисниците, за почеток ќе можат да изработуваат рамки или натписи.

Останатите новитети претставени на годинешната Ф8 конференција се однесуваат главно на подобрувања во рамки на Messenger апликацијата. Тука беа споменати опциите за додавање на Messenger ботовите во групни конверзации, опцијата за пронаоѓање на конкретни или последно користени ботови, подобрувања во рамки на читачот на QR кодовите, и Messenger игри и сл. Понатаму, Litho алатката за надоградување на сопствената Android апликација, функционирање на Instagram без користење на интернет, делегирано одржување на Facebook налозите, развој на вештачката интелигенција, Facebook Space и многу други.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаНовите Samsung Galaxy S8 и S8+ паметни телефони и во Македонија
Следна статијаВалосо Хуб Ве поканува да бидете дел од третиот Tech.O настан