Shutterstock.com

Јавниот Правобранител на САД, Вилијам Бар, обвини повеќе американски компании за соработка со Кина и комунистичката партија. Тој отиде до таму да истакне дека овие компании дозволиле да станат пиони на партијата со цел да можат да работат на огромниот кинески пазар.

Компаниите кои се дел од критиката се Apple, Google, Microsoft, па и филмската компанија Walt Disney. Сите овие се критикувани дека ги прифаќаат условите за работа на кинеските власти, што подразбираат цензура, пристап до уредите кои се продаваат и слично.

Конкретно се истакнува дека Apple не би можел да го продава својот iPhone во Кина доколку не е овозможен таканаречениот заднински пристап, нешто што од компанијата одбиваат да го направат за властите во САД. За тоа се обвинети и за двоен стандард во својата работа.

„Се сомневам дека Волт Дизни би бил разочаран кога би видел како компанијата која ја има основано работи со странските диктатори на денешницата.“ – истакна Бар.

„Кинеската Комунистичка Партија размислува за декади и векови, додека ние имаме обичај да се фокусираме на наредниот квартален извештај за заработка. Американските големи ИТ компании исто така имаат дозволено да станат пиони на кинеско влијание“. – исто така истакна Бар.

Кинескиот пазар е преголем за да американските компании целосно се откажат од него. Тоа може да се види и во лобирањето на дел од нив да се дозволи соработка со Huawei, компанија која е обвинета дека е под влијание на Комунистичката Партија и поради тоа претставува ризик за националната безбедност.

Ова е само дел од војната која се води помеѓу американските и кинеските власти во време кога Кина има се поголемо влијание во светот, како економски, така и политички како резултат на тоа.

Евентуални промени во односите на овие две земји може да се очекуваат само доколку дојде до промена на Доналд Трамп на изборите во ноември оваа година, а сега за сега не е познато дали претседателот ќе успее да го освои стандардниот втор мандат карактеристичен за повеќето претседатели на САД.

ИЗВОРiMore
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаApple Pencil во иднина ќе може да препознава бои од вистински предмети
Следна статијаНови слики и видео од Galaxy Buds Live го покажуваат изгледот, но и нова функција кај безжичните слушалки од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.