dsc_1156

7 декември 2016 год., Скопје. Во изминативе два дена (5ти и 6ти декември) Рана Чакрабарти од Пало Алто, Калифорнија, САД, Експерт за кориснички искуства од светскиот гигант SAP и лидер во корпоративни иновации работеше со пет македонски компании и група од 30тина студенти со цел креирање на иновации кои во фокусот го ставаат корисникот и ја зголемуваат конкурентноста на производите и услугите на компаниите на регионалните и глобалните пазари.

Производите на кои што се работеше беа од три индустрии кои се очекува да имаат експоненцијален раст во следните три до пет години и тоа Персонализирана медицина и генетика, Вештачка интелигенција и Развој на софтвер и Идни модели во Образованието.

По завршувањето на презентациите, и студентите и компаниите изразија интерес да ја продолжат соработката и да ги доразвијат предлозите со цел нивно интегрирање во производите и услугите на компаниите. На сликите се презентациите на студентите пред компаниите Гордијан системи кои работат на продуктот Кери кој ќе се користи во домови за стари лица и компанијата ЕК Екселенс која работи на интегрирање на емоционалната интелигенција во работните процеси.

dsc_1152

Рана Чакрабарти од SAP во Македонија дојде на покана на Њуменс Бизнис Акцелераторот во чии простории се организираше и работилницата, а со поддршка на Програмата за претприемништво на Владата на Швајцарија – SwissEP. SAP e спонзор и на натпреварот NASA Space Apps Challenge кој што Акцелераторот го организира во Македонија веќе 3 години по ред. SAP ова лето отвори и повеќе милионски фонд за инвестирање токму во решенија на млади претприемачи и стартап тимови од Европа и САД.

Оттука во следните два дена 8ми и 9ти декември експертот ќе се фокусира на работа со македонски стартапи и млади претприемачи на кои ќе им помогне да креираат кориснички мапи и сценарија за одлични искуства, чекор по чекор да го преиспитаат секој аспект на нивниот производ и да ги откријат проблематичните точки, како и да развијат атрактивна приказна за проблемот што го решава нивниот производ или услуга.

Можност за пријавување има се уште на линкот: 

http://bit.ly/productdesignstartups

Претходна статијаApple ја откри причината за проблемот со батериите кај iPhone 6S
Следна статијаНадградбите на апликациите на Android ќе бидат уште помали со нов алгоритам