Невладината организација Македонија2025 потпиша ексклузивен договор со Kellogg School of Management (KSM)” со цел да обезбеди стипендии за глобално познатата програма на Келог за развој на извршни директори,  под името “Zafirovski Executive Education Program Scholarships.”

Отворениот повик за апликации се затвора на 1ви февруари, а деталите за програмата и начинот на аплицирање може да ги најдете ТУКА (http://www.macedonia2025.com/programs/zafirovskiProgram)

Македонија 2025 во соработка со Келог училиштето за менаџмент има за цел да обезбеди и реализира првокласна едукативна програма за извршни лидери од бизнис сферата во Македонија. Оваа програма ќе ги обнови и дополни веќе стекнатите вештини и компетенции на македонските директори и менаџери и ќе придонесе кон понатамошниот развој на македонската економија и работна сила.

Имате дополнителни прашања? Пишете ни на elena@macedonia2025.com

Претходна статијаApple ќе го вгради читачот за отпечатоци под дисплејот, а ќе вгради и скенер за зеницата во iPhone 8
Следна статијаИграј за нов МОТО Z PLAY смартфон