После неколку неофицијални слики кои многу наликуваа на логото на „Starfleet“ од познатите серии и филмови „Star Trek“, американската армија, поточно новата вселенска бранша, го претстави своето официјално лого.

Иако тоа повторно потсетува на тоа од научно фантастичната серија, сепак не е исто, а при најавата на логото се објаснети сите негови делови и бои.

Па така, се објаснува дека „делта“ симболот се користи во американската војска уште од 1961. Сивата граница на логото ја симболизира заштитата од сите противници и закани кои доаѓаат од вселената, додека црната боја во средниот дел ја означува големата темнина на длабоката вселена.

Четирите страни на логото ги означуваат четирите бранши кои се во поддршка на вселенските сили, а горниот дел од логото треба да симболизира ракета која полетува. Во средината на логото се наоѓа ѕвездата Поларис која треба да ги симболизира основните вредности на мисијата на „Space Force“.

Веќе има информации дека и други земји ќе креираат некоја форма на сопствени вселенски сили, за почеток сојузниците во НАТО, но јасно е дека наскоро истото може да се очекува и од Русија, Кина и други.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаMicrosoft Edge доби можност за „тивко справување“ со големиот број барања за известувања од веб страните
Следна статијаВработените во Google ќе можат да продолжат да работат од дома до крајот на јуни идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.