samsung-unpacked-2

Unpacked е името со кое што Samsung ги нарекува своите настани наменети за медиумите. На првиот Unpacked оваа година кој што се одржа во рамките на MWC 2014 од компанијата го претставија Galaxy S5, кој што иако одличен модел сепак предизвика разочарување кај огромен број на корисници кои што очекуваа конечно менување на дизајнот и пластиката од претходните два модели.

Наредниот настан за оваа година со истото име, односно Unpacked 2014 Episode 2 е закажан за 3-ти Септември 2014 и истиот симултано ќе се одржува во три града, Берлин, Пекинг и Њу Јорк. Настанот исто така ќе биде пренесуван во живо преку YouTube каналот на Samsung и ќе можете да го следите преку следниот линк почнувајќи од 15:00 часот.

Како што тоа беше случајот со Galaxy S5, на Episode 2 од настанот се очекува претставување на Note 4 моделот. Овој телефон од Samsung е од категоријата на поголеми phablet телефони и се очекува да ја здржи големината на екранот од 5,7 инчи. За разлика од минатиот модел, оваа година Note 4 се очекува да дојде со QHD резолуција на веќе одличниот Super AMOLED екран. Од останатите карактеристики, Samsung Note 4 се очекува да вклучува:

  • 64-битен Samsung Exynos процесор или Snapdragon 805
  • 3GB RAM меморија
  • 32GB внатрешна меморија
  • 16MP главна камера

За Note 4 исто така се очекува да дојде со избор од два модели кои што ќе понудат избор на обичен и заоблен екран.

Иако во поканата не се открива што ќе биде претставено на настанот, Samsung повторно користи кратко индиректно користење на името на уредот кој што треба да биде претставен. Па така, на поканата стои Note the date, па се очекува дека тоа е нарочно ставено за да асоцира на очекуваниот модел.

Извор: FoneArena, Ubergizmo

Претходна статијаНеофицијални детали за HTC One (M8) for Windows
Следна статијаСлики од Samsung Galaxy Note 4 протечени на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.