verizon_m8_windows_phone_leak_tall

Веќе можевте да прочитате за неофицијалните информации до кои што може да се дојде и кои што говорат за можноста HTC да претстави Windows Phone верзија од својот најнов мобилен телефон One (M8). Дека овие информации се нешто повеќе од обични шпекулации се покажа со излегувањето на слики на кои што е прикажан овој модел со Windows Phone оперативниот систем на неговиот екран. Исто така Microsoft и HTC имаат закажано настан за новинарите за 19-ти Август, па очекувањата се дека на тој настан ќе биде претставен HTC One (M8) for Windows. На почетокот овој телефон би бил ексклузивно достапен за корисниците на Verizon операторот во САД, а негова интернационална достапност во овој момент не е спомената.

Порталот WPCentral има дојдено до информации во врска со карактеристиките на телефонот од нивни неофицијални извори. Она што е интересно доколку овие информации се покажат како точни е тоа што телефонот доаѓа со сите карактеристики и функции кои што им се достапни на корисниците на Android верзијата, нешто што е доста важно за неговиот успех. Според најновите информации, HTC One (M8) for Windows ќе дојде со следните карактеристики:

  • Qualcomm Snapdragon 801 четири јадрен процесор со 2,3 GHz
  • 2GB RAM меморија
  • 32GB внатрешна меморија за складирање на податоци со можност за проширување преку microSD картица до 128GB
  • 5 инчен Full HD Super LCD3 екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и нивна густина од 441 ppi
  • HTC Ultra Pixel задна камера и 5MP предна камера
  • U-Focus
  • 2.600 mAh батерија
  • Поддршка за HTC Dot View Case
  • HTC Boom Sound два предни звучници
  • 36 x 70,6 x 9,35 mm димензии и тежина од 160 грама

Најавена е интеграција на Cortana со Dot View футролата преку која што ќе може да биде активирана со повлекување додека истата е затворена.

Извор: WPCentral

Претходна статијаДополнителни три години престој во Русија за Edward Snowden
Следна статијаSamsung Unpacked 2014 Episode 2 ќе се одржува во три града симултано, се очекува претставување на Note 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.