Unpacked настанот на којшто Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9, ќе се одржи денес во 17 часот според македонско време. Како и секогаш, настанот ќе може да се гледа во живо, преку страната на Samsung или преку нивниот YouTube канал.

На овој настан знаеме дека ќе биде претставен Galaxy Note 9 за кој неколку пати Samsung имаше и најава за неговите карактеристики. Па така, според најавите од Samsung, како и големиот број на неофицијални информации, тоа што може да го очекуваме за Note 9 е следното:

  • Нема да има драстични промени во дизајнот во споредба со ланскиот модел, но ќе има мали промени како што се поголем екран со исти димензии на уредот и нова локација на сензорот за отпечатоци под камерата
  • Note 9 ќе дојде со голема батерија со капацитет од 4.000 mAh
  • Телефонот ќе им можност за избор на RAM меморија до 8 GB, а просторот за податоци ќе вклучува до 512 GB внатрешна меморија, како и можност за картичка до 512 GB, што од компанијата веќе го претставија како уред со 1 TB простор за податоци
  • Note 9 ќе може да се нарача со AKG слушалки и гејминг пакет, а според информации ќе може да се нарачаат и двете
  • S Pen ќе дојде со Bluetooth што значи дека ќе може да контролира одредени работи на телефонот, а ќе има избор од повеќе бои
  • Вештачката интелигенција ќе има поголема улога во камерата на телефонот со што ќе се овозможат подобри слики, а ќе се добиваат и известувања доколку одредени слики имаат заматување, тресење на раката и слично

На овој настан се верува дека Samsung покрај Note 9, ќе претстави и нова генерација од нивните паметни часовници, сега под брендот на Galaxy, односно се верува дека новиот часовник ќе се вика Galaxy Watch. Иако овој часовник ќе биде „префрлен“ во Galaxy брендот, сепак се најавува дека тој нема да работи на Wear OS, која е базиран на Android и развиен од Google, туку ќе продолжи да го користи својот Tizen OS.

Уште една работа која се најавува да биде претставена е нов безжичен полнач којшто ќе може да се користи за полнење на два уреди во исто време. Идејата е да се полни еден смартфон и еден паметен часовник, но уредот ќе поддржува полнење и на два смартфони. Името на уредот е Wireless Charger Duo и како и многу други информации, беше неофицијално „протечен“ во јавноста.

Претходна статијаДали смееме да учествуваме во ICOs?
Следна статијаЕдна фотографија до победа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.