Батеријата, просторот и перформансите се три карактеристики кои Samsung ги најавува за Galaxy Note 9

Овие карактеристики се истакнати во три видеа со кои Samsung го промовира настанот закажан за 9 август

Unpacked настанот на којшто Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9 ќе се одржи идниот четврток, 9 август, во Њујорк со почеток од 17 часот по македонско време. Веќе можевме да ги видиме повеќето карактеристики на овој уред, па претставувањето ќе биде само една формалност и интересен настан за тие што сакаат да ги гледаат.

Од Samsung преку три промо или можеби подобро „тизер“ видеа, потврдуваат три карактеристики кои ќе ги има Galaxy Note 9. Тие ги истакнуваат батеријата на уредот, просторот за податоци, како и неговите перформанси.

Се разбира, во видеата не се истакнати конкретните карактеристики кои ќе бидат објавени на настанот, но се насочува вниманието кон нив.

Според информациите кои ги имаме досега, Galaxy Note 9 ќе дојде со голема батерија со капацитет од 4.000 mAh. Оваа батерија ќе овозможи овој уред да издржи можеби и втор ден или барем некое полнење помалку во текот на денот за најактивните корисници.

Просторот за податоци се очекува да вклучува 512 GB, како и можност за картичка до 1 TB. RAM меморијата се најавува да биде до 8 GB.

Претходна статијаНе постои совршена безбедност
Следна статијаДобротворниот хакатон „KindHack“ доаѓа во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.