dav

Скопје, Македонија – 23.04.2019– Во рамки на почетокот на 7. Сезона на Меѓународниот детски општествено одговорен проект “ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”, под покровителство на Компанијата “Газпром” А.Д., како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект беа одбрани Млади Амбасадори – учесници во проектот. Во овогодинешната сезона на проектот учество ќе заземат Млади Фудбалери од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ – Милош Спасовски (играч од одбрана), Борјан Томовски (играч од средина на теренот) и Лука Јаневски (голман), а заедно со нив дел од Македонската делегација ќе биде иКалина Василевска (Млад Новинар).

Македонските учесници во овогодинешната сезона на проектот, како Делегација од Република Северна Македонија, ќе патуваат во Мадрид (Шпанија) и ќе бидат дел од завршните активностите на “Фудбал за Пријателство“: Меѓународен турнир во мешани детски тимови на Пријателството, Меѓународен детски прес центар од кој ќе известуваат Младите Новинари, Школа за деветте клучни вредности на проектот и Меѓународен Форум “Фудбал за Пријателство“.

Во рамки на овие активности, македонските Млади Амбасадори ќе имаат можност заедно со нивни врсници – деца на возраст од 12 години од земји ширум светот да ги споделат своите искуства за промовирање и поттикнување на мир, пријателство, еднаквост, традиција и други суштински вредности кои треба да ги следиме и според кои треба да работиме, особено кога станува збор за колективните тимски напори, како фудбалот, и спортот во целина.

Заедно со нив, дел од делегацијата која ќе ја претставува Македонија во рамки на овој проект е и Заменик Извршниот Директор на ФК “Вардар“ и Директор на Тренинг Кампот, г-дин Кирил Кироски.  

“Ни претставува задоволство втора година по ред да сме дел од овој интернационален проект наменет за новите генерации ширум светот кој има за цел да ги поттикне младите да практикуваат спортски активности и на овој начин да шират позитивни човечки вредности помеѓу своите врсници и пошироко. Младинската фудбалска школа при ФК ’Вардар’ го поддржува и стимулира негувањето на пријателство, еднаквост и мир помеѓу нејзините учесници во рамки на теренот и пошироко, вложувајќи во нив и како идни професионални фудбалери и како личности – пример за останатите. Верувам дека нашите млади фудбалери и оваа година ќе не претстават во одлично светло.“ – изјави г-дин Кирил Кироски.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.