Симфони Солушнс ве повикува да учествувате во добротворниот хакатон „KindHack“, кој ќе се одржи на 22 и 23 септември во просториите на Симфони Солушнс во Скопје. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо или готови софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации.

Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци и тимови кои имаат желба да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер. За учество на хакатонот, треба да се пријавите на следниот линк.

Oваа прилика ја користиме да ги потсетиме сите заинтересирани невладини организации и институции од Скопје и пошироко, кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање, да аплицираат со своите проекти до 24 август на следниот линк.

Како да аплицирате?

  • Повикот е отворен за сите заинтересирани програмери, дизајнери и софтвер тестери
  • Секој тим ќе се состои од 4 до 6 учесници
  • За време на дводневниот хакатон, сите учесници треба да креираат демо или готови софтверски решенија
  • Сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк.
  • Рокот за аплицирање е до 12 септември

Повеќе детали и информации, може да погледнете на Фејсбук.

Ова ќе биде четвртиот по ред добротворен хакатон, во организација на Симфони Солушнс. Првиот хакатон беше организиран во 2014, вториот во 2016, а третиот во март, 2018.

Претходна статијаСтанете вирална сензација со својот талент со новото онлајн музичко натпреварување во светот Sing2Bling
Следна статијаИАБ Македонија и МААМ потпишаа меморандум за соработка