Скопје, (06.09.2019) Глобалниот директор за дигитален маркетинг на светски познатиот бренд „Диор“, Акаш Мехта, на 13. септември годинава ќе биде еден од панелистите на Балканскиот претприемачки самит, на кој ќе го претстави новото „откритие“ на еден од најлуксузните модни брендови во светот – „Диор“. Самитот е во организација на Creative Hub и Стопанска комора на Македонија.

„Вештачката интелигенција ја заменивме со вештачко влијание. ‘Диор’ работи на ова ново откритие на бихeвиоралните однесувања на луѓето на социјалните медиуми со тим од истражувачи, психолози и доктори веќе неколку месеци во Калифорнија. Среќен сум што за првпат доаѓам во Скопје каде ќе добиете ексклузивна изјава за она што ќе биде иднината на дигиталниот маркетинг.“ – вели Акаш Мехта, глобален директор на дигитален маркетинг во „Диор“.

Мехта ја започнал кариерата на 22 години како најмлад менаџер на Есте Лаудер, гигант кој стои зад најпознатите козметички брендови, за на 25 години да стане најмладиот сениор глобален директор на дигитален маркетинг во Диор. На Диор, Мехта му донесе повеќе од 50 милиони долари профитна вредност со вклучување на микро инфлуенсери, социјални медиуми и партнерски маркетинг (affiliate marketing). Мехта ги зголеми за три пати продажбите преку инфлуенсерите и создаде посебна платформа за претпродажба на Диор за инфлуенсери и медиуми. Акаш секоја година е спикер на Форумот на Луи Витон и Конференцијата на магазинот Вог.

На покана на Стопанската комора на Македонија и Центарот на неформално образование Creative Hub, Акаш Мехта ќе биде еден од панелистите на Балканскиот претприемачки самит и ќе говори на тема: „Вештачко влијание, новата ДНК на дигиталниот маркетинг“. Покрај Мехта, пред учесниците на Самитот ќе говорат и Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп со нет ворт над 500 милиони долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во Постскриптум вентурес како и многу други истакнати претприемачи од регионот и пошироко.

Повеќе информации за Самитот, како и за начинот на регистрирање можете да најдете на http://www.mchamber.mk/Default.aspx?mId=4&evid=2929&lng=1

Сите заинтересирани може да се регистрираат за настанот на balkansummit.org или да добијат повеќе информации на 071 214 849.

Претходна статијаWeareLaika.com со истражување за критичните фактори за вработување на ИТ кадрите од регионот
Следна статијаДостапна првата „preview“ верзија од PowerToys за Windows 10