Проблемите со навременото производство на Tesla Model 3 изгледа конечно направија да основачот и директор на Tesla не може веќе да замижува пред одредени работи кои со години се под знак прашалник во компанијата.

Еден од главните проблеми е што Tesla не работи профитабилно веќе 15 години, а нема знаци дека тоа ќе почне да се случува. Како главни причини за тоа се наведуваат неуспехот за навремено производство на Model 3, како и големото зголемување на вработени кое се проценува на некои 15% секоја година.

Поради доцнењето со производство на Model 3, голем дел од купувачите имаат побарано враќање на парите кои ги имаат платено, што дополнително прави проблем на финансиската состојба на компанијата.

Отпуштените луѓе, истакнува Маск, се во главно од нивните стандардни вработени, односно не се од соработниците кои се клучни за производството на автомобилите, па продолжетокот на производството нема да биде доведен во прашање.

Маск на својот Twitter профил го објави мејлот којшто го има испратено до вработените за да ги информира за одлуката за отпуштање на 9% од нив.

Тој истакнува дека во текот на годините и големиот број на вработувања, имаат донесено до тоа да некои работни места се дуплираат, како и тоа дека одредени функции кои имале логика во минатото, сега веќе нема потреба од нив.

Исто така, тој истакнува дека тие мораат да ги намалат трошоците и да станат профитабилни, па поради тоа ја имаат донесено тешката одлука за отпуштање на 9% од вработените. Фактот што тие работат 15 години без профит покажува дека тоа не е главниот мотиватор на компанијата. Главниот мотиватор е нивната мисија да ја забрзаат светската промена кон одржлива и чиста енергија, а тоа нема да може да го направат доколку сепак не покажат дека можат да работат профитабилно.

Tesla има голем број на фанови во светот, а тоа е и оправдано со оглед на нивната мисија, а уште повеќе нивните производи. Тешко е да се замисли дека од компанијата нема да успеат да „се средат“ и да продолжат уште поамбициозно во нивната работа.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНајголемите хрватски авантуристи на Weekend: Како станав првиот Хрват и 26 личности во светот кои го имаат освоено Јужниот пол
Следна статијаVivo NEX е најавуваниот телефон без рамки околу екранот, без исечок и камера која „излетува“ по потреба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.