Соопштение за јавност во врска со лажниот профил на социјалната мрежа фејсбук, „Макпетрол Ултра“ и лажната наградна игра

На Facebook се појави лажен профил преку кој беше промовирана лажна наградна игра

Макпетрол АД ја информира јавноста дека фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не е официјална фејсбук страна на нашата компанија и нејзиниот креатор го злоупотребил името и логото на нашата компанија и бренд.

Дополнително, ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.

Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“  не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД.

Ја поттикнуваме јавноста да ги следи нашите официјални интернет канали, фејсбук страна „Макпетрол Ultra“, веб страните „www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk“, како и твитер профилот „MakpetrolUltra“ преку кои ќе може да се информираат сите заинтересирани потрошувачи за најновите производи, акции, поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.

Претходна статијаТелеком организира уникатна потрага по новиот iPhone Xs
Следна статијаПричината поради која мислиш дека секогаш си во право
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.