Првиот напис од серијата текстови ги обработуваме на тема „Когнитивни предрасуди“ се фокусираше на пристрасно убедување (confirmation bias). Потоа видовме како истата предрасуда ја окупира американската јавност околу сослушувањето на сега веќе судијата во Врховниот суд на САД, Брет Кавана.

Постојат повеќе такви предрасуди кои ни влијаат на одлуките што ги носиме секојдневно. Таква е и предрасудата „hindsight bias” или пристрасност од ретроспектива. Во овој текст ќе ја нарекуваме „Цело време знаев“ предрасуда.

Што е „Цело време знаев“?

„Цело време знаеев“ предрасудата се однесува на матрицата на размислување според која ние СЕКОГАШ сме во право. Ваквото размислување е проследено со фрази како „Значи знаев дека ќе изгубат“ или „Знаев дека ова ќе се случи“. Сите познаваме некој што ги изустил овие зборови. Веројатно и ние сме го сториле истото.

После нападите на 11 септември, 2001 година во САД, голем број луѓе сметале дека е многу веројатно повторно да се случи терористички напад за кратко време. Откако не се остварило тоа предвидување, истите тие луѓе рекле дека не биле толку убедени дека навистина ќе се случи втор напад.

Image result for hindsight biasПристрасноста од ретроспектива е феномен кој ни помага да најдеме смисла во нашата сегашност. Сакаме да мислиме дека светот е предвидлив и едноставен. Исто така, имаме навика да размислуваме во наративи кои не претставуваат како разумни поединци кои секогаш носат (и носеле во минатото) правилни одлуки.

Но, истиот овој феномен не спречува да учиме нови работи. Ако „Знаеш се“ тогаш ќе престанеш да размислуваш критички за она што се случува во твојот живот. Ќе престанеш да учиш од своето минато искуство (Затоа што секогаш си бил „најбоље“).

Ваквиот начин на размислување и често безопасен. Но што ако се пренесе врз твоите професионални одлуки, или одлуки донесени кога си на позиција на моќ? Тогаш таквото размислување може да има негативни последици и за другите околу тебе.

Што да правам во врска со ова?

Размислувај критички за некои случки од минатото (и сегашноста). Секогаш земај предвид дека можело да се случи нешто друго, различно од она што навистина се случило за кое „знаеше дека ќе се случи“.

Ова, меѓудругото, бара искреност со себеси. И признание дека во минатото си бил незрел, глупав, неискусен и си правил грешки со кои можеби си повредил некои луѓе. Но како си денес подобар човек ако сметаш дека и тогаш и сега си истиот човек, совршен и безгрешен?

Претходна статијаСоопштение за јавност во врска со лажниот профил на социјалната мрежа фејсбук, „Макпетрол Ултра“ и лажната наградна игра
Следна статијаFacebook официјално го пушти поедноставениот Messenger 4