Холандската Асоцијација на Потрошувачи, односно Consumentenbond, го тужи Samsung уште од крајот на 2016 година. Причината за тоа е според нив недоволно ажурното надградување на телефоните од страна на компанијата, како и целосното прекинување на надградби за постарите модели.

Проблемот може да се каже дека настанува поради огромниот број на уреди кои ги произведува и продава Samsung. Следењето и одржувањето на огромната бројка на уреди, која работи на различни верзии од Android оперативниот систем е нешто скоро и невозможно.

Сепак, од компанијата гарантираат надградби на своите уреди 2 години од нивното претставување на пазарот, а истото за деловните корисници важи до 3 години. Google секој месец издава сигурносни надградби за оперативниот систем, меѓутоа како што веќе пишувавме, проблем има со производителите кои ненавремено ги имплементираат овие надградби на нивните верзии, односно на нивните уреди.

Од Consumentenbond бараа од судот да му наложи на Samsung да ги надградува своите телефони до 4 години од почетокот на продажбата, наместо 2 како што прават од компанијата или барем до 2 години од последно продадениот уред.

Судот сепак одлучи дека тужбата е неприфатлива затоа што се однесува на идни случувања и постапки. Тие истакнаа дека не можат од Samsung да знаат какви потенцијални сигурносни проблеми може да се јават и не може да се знае дека од компанијата сепак нема за некои постари модели да одлучат поради сериозноста на сигурносниот пропуст, да одлучат да издадат вонредна надградба.

Од компанијата истакнуваат дека се задоволни од одлуката која потврдува дека тие доволно се грижат за корисниците, а тужбата ќе оставела впечаток дека тоа не е така.

Од Consumentenbond за задоволни поради тоа што сепак успеале да привлечат внимание со случајот и да ги „натераат“ Samsung да повеќе ги информираат корисниците за времето и процесот на надградби.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаМакедонија го доби најдобриот Microsoft Office Specialist
Следна статијаAlfa Romeo Giulia и Stelvio автентично го доловија духот на Италија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.