500px-QualcommLogo

Qualcomm е компанија која работи со дизајнирање, производство и продажба на чипови, како што се чипови за безжична комуникација или на повеќето познатите, процесори за мобилните телефони.

Оваа компанија вчера соопшти дека имаат склучено договор со HP за купување на портфолио од патенти составено од 1400 одобрени и поднесени патенти во САД, како и уште 1000 одобрени и поднесени патенти во остатокот од светот. Сепак повеќе информации околу оваа зделка нема, односно не е познато за какви патенти се работи или по која цена се откупени.

Патентите во сопственост на HP се добиени преку купување на неколку компании, како Palm, Compaq (IPAQ) и Bitfone.

Интересот на Qualcomm во купувањето на патенти не е ништо чудно поради фактот што оваа активност е многу актуелна кај компаниите во последните години. Сите сигурно имате слушнато за познатите судења помеѓу Apple и Samsung кој што се однесуваат на прекршување на патентирани технологии од страна на некоја од овие компании. Поседувањето на големо патент портфолио им овозможува на компаниите заработка преку нивно лиценцирање, како и можност за преговарање во случај на прекршување од нивна страна.

Извор: Qualcomm

Претходна статијаIFTTT – Ако ова тогаш тоа
Следна статијаToshiba претстави нов Chromebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.