CodeWell како компанија, беше избрана од 2.753 бизниси именувани како ‘Ones to Watch’, во листа на бизнис класа објавена во јули, а нејзините основачи именувани како победници во категоријата Европски Претприемачи на годината во Македонија од страна на комисија составена од независни судии вклучувајќи бизнис лидери, политичари и академици.

Нино Карас и Мартин Анчевски ќе продолжат да ја претставуваат нашата држава во финалната фаза од натпреварувањето.

Нино Карас и Мартин Анчевски се основачи на CodeWell, наградувана интернационална компанија која е специјализирана во полето на Вештачката Интелигенција и Deep Learning-от, со фокус на Chatbot-ови и мобилни апликации.

CodeWell е локално позната како компанија позади неколку значајни македонскии стартап компании, меѓу кои стартапот Letz – првата македонска компанија која доби Venture Capital инвестиција, но првиот и единствен европски стартап кој ја доби престижната награда од Product Hunt во Силиконската Долина, натпреварувајќи се со гиганти како Google, Slack, Duolingo и останати.

Продуктите позади кои стои CodeWell на неколку наврати се најдоа и на страниците на најпознатите медиуми во светот, вклучувајќи ги Forbes, The Huffington Post, TechCrunch, Venture Beat и останати.

Последниот подвиг на компанијата е проширувањето формирањето на CodeWell Scandinavia со канцеларии во Осло, Норвешка со цел експанзијата на компанијата во Скандинавскиот регион на Европа.

Адриан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди изјави: “Ова е значително постигнување за Нино и Мартин, и за нивната компанија CodeWell како исклучителен лидер во областа. Да се биде избран како Национален Победник значи дека бизнисот поседува голема иновативност, етика и успех и е еден од најдобрите бизниси во Европа. Им посакуваме многу среќа за последната фаза”

Нино и Мартин на 3 и 4 декември ќе се упатат кон Варшава, Полска за да ја завршат последната фаза од судењето и да присуствуваат на Самитот кај што ќе се вклучат во деловните теми со врвни лидери, како и на Гала церемонијата каде што ќе се објават сите победници на Европските бизнис награди 2019.

Европските бизнис награди се во 12 година на постоење и примарната цел е да го поддржат развојот на посилни и поуспешни бизнис заедници низ Европа. Оваа година земени во предвид се над 120.000 бизниси од 33 држави. Како спонзори и партнери се вбројуваат Inflexion, Germany Trade & Invest и Cision PR Newswire.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.