Вештачката интелигенција како технологија, а препознавањето на лицата на луѓето е дел од неа, е во огромен подем изминатите неколку години. Проблемот е што за истата се почесто читаме во негативен контекст, односно поради нарушување на приватноста на корисниците на одредени сервиси.

Сепак, иако може да се набројат голем број на позитивни примени на технологијата за препознавање на лицата на луѓето, веднаш може да се замисли и како оваа технологија би можела да биде злоупотребена. Се’ уште можноста да обичните граѓани се шетаат во јавност без некаков систем да ги следи, е основно право кое ќе видиме уште колку ќе остане така.

Поради потенцијалните проблеми од употребата на оваа технологија, во САД веќе има еден вид на движење кое бара регулација на користењето на истата. Microsoft е првата поголема компанија која се приклучува на ова барање, па претседателот на компанијата Бред Смит, којшто е и главен директор на правниот сектор во компанијата, побара конгресот на САД да ја истражи оваа технологија и да започне со регулирање на истата.

Некои се сомневаат во искреноста на Microsoft во заштитата на приватноста на корисниците, па веруваат дека целта на компанијата е да се претстави себеси како одговорна компанија во време кога одредени компании често се предмет на критики.

Како и да е, Бред Смит истакнува дека подобро е технологии кои се корисни, меѓутоа потенцијално проблематични, бидат регулирани, отколку да не постои никаква регулација.

Тука секако се поставува прашањето каква регулација би била донесена и дали заштитата на приватноста на луѓето би била во прв план. Искуството покажало дека тоа ретко е случајот, а веќе ни е јасно колку властите се обидуваат и успеваат во нарушувањето на приватноста на граѓаните.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаSony го претстави Xperia XA2, смартфон од средната класа со посебен акцент на аудио можностите
Следна статијаLoon и Wing се две нови посебни компании под капата на Alphabet
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.