jos-creese-original-370x229

Кога ќе се спомне Microsoft и зделките кои што ги прави со владините и општинските служби, прво што на секого му текнува е високата цена и милионската заработка на оваа компанија. Сепак за користење на оперативните системи и сервиси од Microsoft, корисниците треба да платат лиценци кои што не се баш со ниски цени. Наспроти ова, open source решенијата најчесто доаѓаат со бесплатни лиценци, а и голем дел од софтверот е исто така бесплатен, па едноставната логика кажува дека овие решенија се многу поевтини.

Сепак, според Jos Creese главниот IT директор во една од локалните британски владини служби, ова не мора да биде точно за секого и во сите ситуации. Според него кога ќе се земат сите трошоци во предвид, зделките направени со Microsoft на крај се поевтини отколку имплементирање на некое open source решение. Тоа го тврди врз основа на неговото искуство во работата со поголемите компании кои што работат повеќе за да го задржат својот пазарен удел и нудат разни решенија за поддршка на системите. Исто така вработените во јавната администрација се навикнати на работа со Windows оперативниот систем, па администраторите сметаат дека ќе треба да потрошат доста време во нивна обука доколку се префрлат на некое open source решение.

Исто така тие сметаат дека соработката со големите компании е посигурна од аспект на стабилност. Поточно доколку се соработува со помала компанија која што иако може да се покаже дека е поиновативна, таа често може да работи со еден голем клиент, па доколку нешто се случи со компанијата, клиентот може да остане без понатамошна поддршка за сервисите.

Сепак ова е тврдење на еден владин службеник, па многу е тешко истото да се потврди или негира, посебно што секоја компанија или владина служба има различни барања и потреби. Какви се вашите размислувања за ова тврдење ?

Извор: Computing.co.uk Преку: WPCentral

Претходна статијаЗаспивајте полесно со Drift Light сијалицата
Следна статијаTinitell: Мал телефон/часовник со GPS за најмалите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.