Amazon планира да направи пандан на YouTube

Напишано на 22.12.2017 - 11:07 од Милош Милачиќ
Amazon vs Google

Фото: CloudAcademy

Спрегата помеѓу Amazon и Google која настана поради повлекувањето на популарниот сервис YouTube од Amazon-овиот уред Echo Show се чини дека кулминира.

Како контра мерка на повлекувањето, Amazon се реши да поднесе две барања за лиценца врз имиња. Според имињата врз кои компанијата претендира, јасно е дека се работи за апликација која би му парирала на популарниот YouTube.

Ни малку суптилно од страна на Amazon, се работи за имињата „AmazonTube“ и „OpenTube“. Доколку овој проект заживее, всушност апликациите како Vimeo ќе добијат сериозна конкуренција, повеќе одошто YouTube ќе биде загрозен.

Според барањето кое е поднесено до Канцеларијата за патенти и брендирање на САД, OpenTube или AmazonTube би ги нудел следниве услуги:
-„Ќе им овозможи на корисниците пристап до аудио, видео и аудио-визуелни содржини. Без можност истите да бидат превземени, а на теми од најразличен вид“ Без сомнение се работи за идентичен сервис.

Реално гледано, Amazon не се наоѓа во ситуација да му претставува закана на етаблиран бренд како YouTube. Ваквите потези се повеќе од дипломатски карактер да се искаже незадоволството од конкурентската „не фер“ политика.

Извори: TechRadar, The Verge

За Авторот
Милош Милачиќ