Google

Првата поголема вест која произлезе од одлуката на американските власти да ја стават Huawei на листа со компании која ја загрозуваат националната безбедност, беше таа дека оваа компанија ќе го изгуби пристапот до сервисите од Google на Android, вклучувајќи ја тука и Play Store.

Доколку се случи ова, Huawei ќе можат да продолжат да го користат Android, оперативниот систем сепак е со отворен код, но нема да може да ги користат сервисите кои Google ги овозможува за овој систем.

Од Google, според информации од Financial Times, почнале со аргументирање пред американските власти дека тргањето на пристапот до Google сервисите на Huawei ќе биде тоа што ќе донесе до загрозување на националната безбедност на земјата.

Логиката на Google е следна. Доколку Huawei почне да прави своја верзија од Android, како што тоа го прави во Кина и за остатокот од светот, оваа верзија од Android нема да ги има сервисите од Google кои покрај тоа што подразбираат проверка за малициозен софтвер, истата ќе нема пристап до Play Store.

Апликациите во Play Store се многу повеќе проверувани за малициозен софтвер, иако тоа не било секогаш случајот, па симнувањето на апликации од други продавници, нема да може да ја понуди истата заштита.

Со оглед на тоа што Huawei се официјално на второто место во светот по продажба на паметни телефони, бројот на корисници кои би биле засегнати е огромен.

На сето ова треба да се земе уште еден факт кој е поврзан со големината на Huawei и соработката со Google. Иако Android како систем е бесплатен, компаниите кои ги користат сервисите од Google, плаќаат за лиценцирање на истите. Google ќе изгуби соработка со клиент кој му носи огромен број на приходи, па не е чудно што тие се имаат решено да лобираат во корист на Huawei.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook веќе нема да му дозволува на Huawei да ги пред-инсталира нивните апликации
Следна статијаDJI ќе вклучи технологија за забележување на авиони и хеликоптери во нивните дронови од идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.