Политичката, а како резултат на неа и трговската „војна“ помеѓу САД и Кина изгледа се заострува. По неколкуте обиди за правење на проблеми на кинески компании, меѓу кои најпозната и најголема е Huawei, последната одлука на Трамп изгледа ќе предизвика поконкретни и посериозни проблеми на оваа компанија.

Поточно, Huawei беа додадени на листа поради што тргување на американските компании е забрането со оваа компанија. Тоа значи дека Huawei веќе нема да можат да соработуваат со Qualcomm и Nvidia, на пример, меѓутоа тоа ќе значи и прекин на соработката со Google.

Можеби Huawei функционира прилично независно во Кина, каде корисниците имаат локални замени за светските апликации кои се повеќе популарни, сепак, оваа компанија изминатите години направи огромен успех на пазарите во остатокот од светот.

Информациите покажуваат дека Google мора да ги следи одлуките на властите, по што ќе ја прекине поддршката за Huawei. Тоа значи дека компанијата нема да може да ги сертифицира своите идни телефони и со тоа тие да добијат пристап до апликациите и сервисите од Google на Android, како и до Play Store.

Од Google ја потврдуваат ситуацијата и истакнуваат дека со оваа одлука нема да бидат засегнати постојните телефони, што значи дека корисниците на Huawei нема да имаат проблеми.

Што ќе се случува со телефоните кои тек треба да бидат претставени, како и со најавените надградби на постојните корисници на најновата верзија од Android, изгледа сепак ќе зависи од преговорите на двете влади.

Huawei секако ќе може да продолжи да го користи Android затоа што оперативниот систем е со отворен код, меѓутоа Google делот во системот не е слободен за користење.

Иако ова не е некаков проблем во Кина, како што истакнавме, ќе претставува проблем во остатокот од светот доколку проблемот не се реши наскоро.

Со оваа одлука од САД ќе бидат засегнати и другите бизниси на Huawei. Оваа компанија покрај паметни телефони, продава и одлични лаптоп компјутери, паметни часовници и слично. Инаку, главниот проблем е секако 5G мрежата на Huawei која најмногу се користи во светот и претставува сериозна конкуренција на американските конкуренти, а е обвинувана од страна на САД дека содржи таен пристап за кинеската влада.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаФондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ и Хабитат Македонија започнуваат реализација на проектот „Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино”
Следна статијаИзјава од Huawei за случувањата со Google и Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.