Thor
Фото: Thor Trucks
Thor
Фото: Thor Trucks

Стартап компанијата Thor Trucks од Невада, која конструира електрични камиони, планира да се наметне како сериозна конкуренција на гигантот Tesla. Тие планираат да го промовираат својот модел на електричен камион пред промоцијата на Tesla Semi планирана за 2019-та година.

Thor
Фото: Thor Trucks

Она што е познато, е дека Thor-овиот ET-One ќе има капацитет да покрие дистанца од околу 500 километри, носивост од приближно 36 тони и пазарна цена од 150 000 американски долари. Интересно за оваа компанија е тоа што своите модели ги конструира од делови од половни камиони. Нивната идеја е конвертирање на камиони кои користат фосилни горива во електрични транспортери.

Thor
Фото: Thor Trucks

Конкретно ET-One е конструиран на шасија од Navistar. Осовините со капацитет за голема носивост се од производителот Dana, а моторот е конструиран од компанијата TM4. Единствена поважна компонента конструирана од самата компанија е батеријата.

Компанијата со само 18 вработени планира сериозно да му конкурира на гигант како што е Tesla, па и на останатите компании од индустријата кои работат на конструирање електрични камиони. Дополнително, се работи на помал модел, со помал капацитет на носивост и можност да покрие дистанца од 160 км.

Извори: The Verge, ThorTrucks, HybridCars

Претходна статијаSamsung пушти посебна Avant Edition верзија од Galaxy Note8 – ќе чини 1.800 долари
Следна статијаFacebook ги подобрува мерките против корисниците кои вознемируваат други корисници