Screenshot 2014-01-24 13.43.27

Apple Macintosh е првиот персонален компјутер наменет за широката маса кој работел на оперативен систем со графички кориснички интерфејс. Во тоа време денешниот начин на работа на компјутерите што го познаваме каде што се што треба да го направиме го правиме преку кликање со маусот на разни работи на екранот, не било сеуште развиено. Тогаш компјутерите работеле преку конзола на која што се што треба да се направи било испишувано преку текстуални команди.

Apple Macintosh е првпат претставен од страна на Steve Jobs на 24 Јануари 1984 години, односно пред точно 30 годни од денес. Неговиот развој е започнат 5 годни пред официјалното претставување во 1979 од страна на Jef Raskin. Името го добива според видот на јаболко McIntosh, за чие што користење Apple морале да платат, поради тоа што веќе било искористено од страна на McIntosh, компанија за производство на аудио опрема. После некое време променет бил начинот на спелување на името поради често правените грешки, па го добива денешното име Macintosh или исто така скратеното име кое што е популарно Mac (Мек).

HelloApple_550x337

Првиот Mac компјутер имал вграден монитор во куќиштето со големина од 9 инчи, односно 23 сантиметри. Екранот бил направен во тогаш користената CRT технологија и бил црно бел, со резолуција од 512 x 342 пиксели. Доаѓал со посебна тастатура и маус. Интересно било што на горниот дел од куќиштето била поставена рачка која што овозможувала компјутерот лесно да биде пренесуван. Работел на Motorola 68000 процесорот и имал 128 KB DRAM меморија, а интересен е фактот дека не доаѓал со надворешна вградена меморија, односно хард диск. Оперативниот систем се користел од 3,5 инчна floppy дискета со капацитет од 400 KB.

Macintosh е масовно рекламиран преку познатата реклама која што е инспирирана од книгата 1984 од George Orwell во која што е претставено општество водено од централна власта која што го контролира секој аспект од животот на луѓето. Во продолжение можете да ја погледнете рекламата, како и претставувањето на Mac од страна на Steve Jobs.

http://www.youtube.com/watch?v=8UZV7PDt8Lw

За 30-тиот роденден на Mac, Apple направија интересно видео кое што можете да го погледнете во продолжение.

http://www.youtube.com/watch?v=Xp697DqsbUU

Претходна статијаVimeo направи промена на нивниот видео player, ќе користи HTML5 стандардно
Следна статијаAV-Test.org ги претстави резултатите од првото тестирање на Windows 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.