Фондот за иновации и технолошки развој објави Извештај односно презентација за своето работење со многу интересни податоци. Погледнете го обавезно.

Секако, уште од времето на Мизес (1920 г.) знаеме дека државата НЕ може  успешно да „калкулира“, т.е. да проценува кој проект е вреден за финансирање, а кој не и дали овие пари би се потрошиле подобро доколку би останале во приватен сектор. Но, не навлегуваме во тој бунар.

Резултатите кои ги објави Фондот се охрабрувачки и во поддршка на идејата дека и државата, во одредена мера и контекст, може да има претприемачки карактер (позитивен; за негативен, знаеме колку може да биде успешна). 

Еве ги главните податоци со кус коментар:

  • Интересот на компаниите за поддршка за иновации значително расте.

Кога се објави првиот повик во 2015 г. пријавени се 158 апликации; во 2019 г. дури 487 апликации се пријавиле за поддршка.

  • Владата го следи зголемениот интерес и постојано го зголемува Буџетот за поддршка на иновации.

Од 1.2 мил евра поддршка во 2015 г. во 2019 г. се издвоија дури 11.2 мил евра (во 2018 г.  16 мил евра). Дополнително, важно е што Фондот финансира макс. 30% од проектите со што учествува во ризикот кој пред се паѓа на самата компанија.

  • Резултатите од одобрените проекти се одлични.

Приходите од работењето, нето добивката, бројот на вработени и просечната месечна плата се зголемени за 50%, 64%, 27% односно 40%. Од одобрени 2.1 мил евра, дури 839.3 илјади евра или 39% од средствата се вратени во Буџетот преку данок на добивка + задолжителни придонеси.

  • Поддршката од Фондот влијае позитивно и за отворањето на нови добро платени работни места.

Покрај разните консултанти, поддржаните компаниии имаат ангажирано 769 вработени. Она што е побитно 360 се ново вработени по добивањето на поддршката, со просечен износ на плата по вработен од ~700евра.

  • Фондот пред се поддржува микро и мали претпријатија.

Дури 87% од поддржаните компании се микро или мали претпријатија (само 13% се средни компании, а нема големи компании во поддржаните проекти). Очекувано, доминираат компании од ИТ секторот (26 поддржани проекти) а има и по 4-5 проекти од сите други области.

Ова беше еден од позитивните проекти на претходната влада која оваа власт ги прифати и продолжи, без разлика на идеолошките разлики (барем, на хартија). Со што пак се обезбедува одредена предвидливост и сигурност на институциите. НЗС кое треба да го негуваат двете најголеми влади – барем она позитивното – е неопходно за прогрес. Фондот, индустриските зони и рамниот данок се еден од ваквите добри примери.

Претходна статијаDeepfake Detection Challenge е обид на големите ИТ компании да развијат начин за откривање на лажните видеа
Следна статијаРСБСП со корисни совети за безбедно возење во услови на магла
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.