Фото: Shutterstock.com

Европската Унија, која сака себеси да се гледа како заштитник на приватноста на луѓето, носејќи притоа низа на закони кои предизвикаа доста внимание, сега донесе закон којшто сигурно не оди во овој правец.

Минатата недела, Европскиот Парламент изгласа закон којшто ќе ја креира Common Identity Repository (CIR) дата базата. Оваа дата база ќе ги собере во една досега достапни дата бази и ќе биде наменета да се користи од страна на пограничната полиција, од имиграционите власти, полицијата и слично.

Дел од оваа нова дата база ќе бидат имињата и презимињата на луѓето, дата на раѓање, број на пасош, но и отисоци од прстите, како и скен од лицето. Со тоа, европските власти ќе имаат една огромна дата база за повеќе стотици милиони луѓе од Европа, но и надвор, која ќе можат лесно да ја пребаруваат по потреба.

Секако, од ЕУ истакнуваат дека тие ќе ги преземат сите потребни мерки за заштита на пристапот до оваа база, како и обука за службениците, меѓутоа ставањето на сите овие податоци во една база си носи свои негативности, кога е во прашање приватноста и безбедноста.

Сепак, кога ќе се земе во предвид во какво време живееме, како и постоењето на вакви и слични бази во скоро сите поголеми земји, не е воопшто чудно, ниту неочекувано. Тоа што е ново со креирањето на вакви бази е само олеснувањето при нивното пребарување, како и објавата на информацијата за истото.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаБил Гејтс ги памтел регистрациите од возилата на вработените за да провери кој колку време е на работа
Следна статијаComtrade System Integration Adriatic сега е Microsoft Licensing Solution Partner во Македонија и Косово
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.