Без разлика дали е време да купите нов мобилен телефон или не, S серијата телефони на Samsung е нешто што најголемите љубители на модерната технологија секогаш со нетрпение го очекуваат. Покрај тоа што секој нов модел ги задоволува сите желби и потреби дури и на најпребирливите корисници, тие можат да се пофалат и со карактеристики кои ги надминуваат очекувањата. Исклучок не е ни новиот Galaxy S22 Ultra.

Најсовремената технологија е во ваши раце

Кога мобилниот телефон се издвојува по тоа што е комбинација од најдобрите функции на двете познати серии смартфони – сериите Note и S, каде што зема незаменлива моќ од првиот, а камерата и перформансите на професионално ниво од втората, тогаш е навистина оправдано е да се каже дека Galaxy S22 Ultra поставува нов стандард за премиум паметните телефони. Покрај тоа што е опремен со најновиот процесор од 4 nm за најнапредна обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и механичко учење, тој има и Wi-Fi 6E, кој е дури двапати побрз од Wi-Fi 6, со што ви овозможува можност да зачекорите во светот на технологијата која нуди феноменално и сосема ново корисничко искуство. Овој телефон може да се пофали и со 6,8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, кој обезбедува сеопфатно искуство и ги прикажува дури и најмалите детали појасни од кога било со максимална осветленост од 1750 nits. За да бидете сигурни дека имате совршен приказ на екранот на вашиот телефон во секое време, Samsung се погрижи овој телефон да има и Vision Booster технологија, која му овозможува на екранот интелигентно да го приспособува осветлувањето во текот на денот.

Камера со професионален квалитет

Доколку сте љубители на фотографијата и имате навика да снимате убави моменти со објективот, Galaxy S22 Ultra е одлична замена за професионален фотоапарат бидејќи има камера со неверојатни перформанси што ќе произведе импресивни фотографии. Напредните функции за ноќно фотографирање и снимање на овој телефон ви даваат можност да правите јасни видеа и фотографии и со предната и со задната камера, без разлика дали снимате во текот на денот или ноќта, додека надградените Super Clear Glass леќи ќе ви помогнат да направите поубави и појасни ноќни видеа без отсјај. S22 Ultra има и пиксел сензор од 2,4um – најголемиот сензор за пиксели на Samsung досега, што им овозможува на леќите на камерата да снимаат повеќе светлина и објекти, како и да ја оптимизираат осветленоста и деталите на вашите видеа. За оние кои сакаат да експериментираат, овој телефон нуди и ексклузивен пристап до апликацијата Expert RAW, која содржи сеопфатен сет на алатки за уредување во камерата, така што секоја фотографија ќе изгледа професионално.

Дизајн што освојува

Покрај сите феноменални технички карактеристики, и дизајнот е еден од факторите заради кој можете да го изберете овој телефон, а со оглед на тоа што има вградени леќи за камерата и тенка метална рамка која создава ефект на огледало, дефинитивно го претставува најсовршениот уред на Samsung досега и по изглед и на допир. Посебна нота на елеганција се постигнува со луксузна стаклена и мат површина во комбинација со острите агли кои ја карактеризираат серијата Note, кои заедно и даваат минималистички изглед. Друга предност е тоа што доаѓа во четири бои инспирирани од природата – фантомска црна, фантомска бела, зелена и за прв пат на S22 Ultra, темноцрвена, меѓу кои сигурно ќе ја најдете вашата омилена. Посебен додаток кој ќе ги изненади сите љубители на уредите Samsung е S Pen, кое е најбрзото и најчувствителното S Pen (пенкало) некогаш направено, а со кое со 70% помало доцнење можете поприродно да пишувате и цртате на широкиот екран на вашиот S22 Ultra, но и да ги истражувате апликациите на нови начини.

Вашите податоци се на сигурно

Како и многу други мобилни телефони на Samsung, S22 Ultra е опремен со моќна Knox Vault платформа, вклучувајќи безбеден процесор и меморија што целосно ги изолира чувствителните податоци, давајќи ви сигурност кога станува збор за вашите лозинки, биометриски податоци или blockchain клучеви од главниот оперативен систем на телефонот. За да го поддржи сето ова, овој паметен телефон е опремен со моќна батерија која овозможува повеќе од цел ден користење со едно целосно полнење, а бидејќи има можност за супербрзо полнење од 45 W, можете да бидете сигурни дека во ниту еден момент не мора да се грижите за неа.

Кога сите споменати изведби се спакувани во еден телефон, како што е Galaxy S22 Ultra, тогаш тој станува најмоќниот Ultra уред кој Samsung некогаш го направил, а за да се запознаете со сите можности кои ги нуди овој феноменален модел од серијата S22, посетете страната: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

Претходна статијаНекомпатибилните компјутери кои работат на Windows 11 ќе имаат посебна ознака слична како таа за нелиценциран Windows
Следна статијаДојче Телеком на Светскиот конгрес за мобилна технологија – MWC Барселона: Фокус на технологија за луѓето