google-camera

Google, како и со неколку други нивни системски апликации, претстави посебна самостојна камера апликација достапна и за останатите уреди кој што не се од Nexus серијата, со што и тие добиваат одредени функции познати за уредите со Google логото. Апликацијата наречена едноставно Google Camera е достапна во Play продавницата за апликации и може да ја симнат сите корисници на уреди со најновата верзија од оперативниот систем Android 4.4, а за корисниците на постара верзија истата ќе биде достапна во наредните месеци.

Google Camera се карактеризира со едноставен и минималистички дизајн направен да ви овозможи сликање без многу работи кои што ќе ви го одвлекуваат вниманието. На тоа се надоврзува 100 процентниот визир кој што ви овозможува сликање на максималната резолуција без изгубени пиксели, како и да видите се што ќе биде на сликата потоа. Google Camera донесува неколку интересни функции на корисниците, како Lens Blur, Photo Sphere и подобрен панорамски режим на сликање.

Со Photo Sphere можете да сликате слики во сите правци со 360 степени поглед кој што овозможуваат поглед на сликите како на Google Maps Street View. Користејќи ја оваа функција можете сами да поднесете слика преку Google Spheres проектот и сами да креирате Street View.

Најинтересната функција која што доаѓа со Google Camera апликацијата е Lens Blur која што овозможува сликање на слики каде што можете истакнете одреден објект на сликата, како на пример тој што е најблиску до камерата, а остатокот ќе биде заматен. Ваквите слики обично се прават со SLR апаратите и се овозможени со плиткото поле на поглед кој што го имаат тие. Google Camera користејќи алгоритами симулира поголема леќа и отвор на камерата, нешто што не е достапно на малите камери на мобилните уреди. За да го постигне ефектот на заматување на пооддалечените објекти потребно е сликање на повеќе слики движејќи го уредот горе доле. Ова може да се спореди со сликањето на панорамски слики, но наместо движење на уредот хоризонтално за сликање на околината, уредот го движите вертикално. Ова овозможува софтверот на апликацијата да направи споредба на пикселите и со тоа да процени кои се поблиску, а кои подалеку креирајќи 3D модел од околината. Слично како на Lytro камерата, по сликањето имате можност да го менувате фокусот на камерата на различни позиции со допирање на саканата позиција, а остатокот ќе се замати, односно дефокусира.

imate-blur

Google Camera е достапна во Play продавницата за апликации и доколку ја користите најновата верзија од Android оперативниот систем можете да ја симнете преку следниот линк.

google-camera-qr

Претходна статијаVirtuix Omni ќе ве стане од гејмерските столици во јули
Следна статијаПрвиот Project Ara телефон ќе се продава од Јануари 2015 по цена од 50 долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.