Во поновите верзии од Insider Preview на Windows 10, како што забележаа од порталот Windows Central, продавницата за апликации од Windows Store е преименувана во Microsoft Store.
Покрај промената на името, продавницата има и ново лого, како и икона на таскбарот. Останатите работи во самата продавница не се променети, односно истата изгледа исто и ги има истите работи во неа.
Повеќе информации за целта на оваа промена од Microsoft уште нема, па останува да видиме дали ова е веќе донесена одлука или само се тестира во Insider верзиите наменети за тоа.
Она што се очекува од оваа промена е да од компанијата почнат да продаваат повеќе работи, покрај апликации и игри преку оваа продавница. Тоа значи дека, но најверојатно не во нашата земја, корисниците ќе можат да купат и работи како мобилни телефони, играчки конзоли и слично, нешто што веќе е достапно преку компанијата, сега во една унифицирана продавница.
Извор: Windows Central
Фото: Windows Central