Во време на се повеќе зголемени клауд можности, апликациите кои ги користиме на нашите компјутери веќе и нема да има потреба да ги инсталираме во нив. Прв оперативен систем кој имаше ваков пристап е Android со Android Instant Apps, кој веќе овозможува пробување на неколку апликации пред да ги инсталирате во вашиот смартфон или таблет.

Нов оперативен систем кој ќе има ваква можност е Windows 10. “Playable Ads” ќе им овозможи на дивелоперите да направат апликација која корисникот ќе може да ја проба пред да ја инсталира, дозволувајќи му интеракција од 3 минути.

Ова е и повеќе од доволно време за да може да одлучите дали навистина ви треба таа апликација во вашиот компјутер, а ова особено важи за оние платените. Да потсетам, Windows и сега овозможува пробување на платени апликации пред да ги платите, но за тоа ќе мора прво да ја инсталирате апликацијата.

“Playable Ads” можноста ќе може да се вгради директно во рекламите за апликациите. На пример, доколку видите реклама за некоја нова апликација на Windows Store, ќе може да кликнете на неа и да ја пробате, без да излезете од апликацијата во која сте во моментот.

Исто така, според Microsoft, оние корисници кои ќе ја инсталираат апликацијата после пробата во “Playable Ads”, е многу поверојатно да продолжат да ја користат во иднина, што е одлична вест за дивелоперите.

Засега “Playable Ads” се достапни на лимитирана група на корисници на Preview верзиите на Windows 10, што значи дека ќе треба да почекаме уште некое време пред да ја видиме во финалната верзија на оперативниот систем.

Извор: The Next Web, Engadget, Windows Blog

Претходна статијаПротекоа 15-те најважни спецификации за Galaxy S8 и S8+
Следна статијаСтартап компанијата NIO го претстави својот беспилотен концепт