Фото: ArsTechnica.com

Fuchsia е нов оперативен систем кој е развиван од страна на Google, тоа би бил трет до сега, за кого првпат можеа да се прочитаат информации во август минатата година. Она што привлече внимание кај овој оперативен систем, покрај неговиот развивач, е фактот што не е направен на база на Linux кернелот.

Ова е интересно поради фактот што кернелот на Linux се користи во огромен број на проекти, меѓу кои и можеби најпознатиот, Android оперативниот систем.

Во Fuchsia Google се има одлучено за кернел кои тие самите го развиваат, па најверојатно причината за тоа е тргањето на зависноста од нешто што е надвор од контрола на компанијата. Кернелот којшто го развиваат од Google, а се користи во Fuchsia е наречен Magenta.

За оперативниот систем, како и целта на неговиот развој, за кои уреди ќе биде наменет и слично, нема, барем не официјални информации, па останува само да се претпоставува.

Она што ги направи работите поинтересни, а и покажа дека системот се развива, е излегувањето на слики од кои се гледа корисничкиот интерфејс којшто ќе се користи, барем во слична форма, на овој систем.

Од сликите исто така може да се види дека овој оперативен систем се планира да се користи и на мобилните телефони, па може да се очекува дека Google планира замена на Android во иднина или негова суштинска модификација.

Сликите се достапни од ArsTechnica, а можете да ги погледнете во видеото во продолжение.

Извор: Ars Technica, The Verge

Претходна статијаInstagram овозможи објавување на слики преку нивната мобилна страна
Следна статијаChristian Roth и Eric Domege ја споделија инспирацијата за нивните безвременски креации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.