Паметните телефони од Huawei, моментално третиот најголем производител во светот, работат на Android оперативниот систем, со посебно развиен „скин“ како што во главно е случајот со повеќето производители.

Скинот кој го развива Huawei е наречен MIUI и во главно беше споредуван со iOS, односно дека е инспириран од него. Тоа може и да се види од дизајнот на иконите, како и други дизајн елементи, а можеби главната сличност лежи и во недостатокот на app drawer, па сите апликации се прикажуваат на главните екрани.

Според информациите кои ги објави The Information, Huawei работи на нова верзија од MIUI која треба да ги тргне причините за критика дека е копија на iOS. Интересно, за таа цел од компанијата имаат ангажирано поранешен дизајнер од Apple.

Новиот MIUI треба да вклучува повеќе дизајн елементи кои се карактеристични за Android, повеќе бои, како и листа на апликации. Според информациите, новата верзија би требало да биде пуштена оваа есен.

Втората информација која доаѓа од истиот извор говори дека од компанијата исто така работат и на развој на сопствен оперативен систем. Тоа се прави во случај да дојде до нарушување на односите со Google или доколку Google ја промени политиката на Android.

Според информациите развојот на оперативниот систем е во многу рана фаза, а тоа има и логика со оглед на тоа што нема некакви знаци дека Google би престанал да го развива Android како софтвер со отворен код, со што секој има можност да го користи за свои потреби.

Извор: The Verge, TNW

Претходна статијаLeMax 2 Pro ќе биде првиот телефон со 8 GB рам
Следна статијаApple ќе го направи полесно користењето на iPhone со една рака со едноставен софтверски трик
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.