Фото: SensorTower

Продавницата за мобилни апликации на iOS, односно App Store, отсекогаш била позната по степенот на заработка што успеваат да го направат програмерите кои ги објавуваат своите апликации на оваа платформа.

Овој тренд продолжува да биде таков, а тоа го покажуваат податоците за заработката на App Store, како и на Google Play Store во САД. Иако податоците не се од сите пазари, може да се каже дека американскиот претставува доволно добар репрезентативен примерок за носење на заклучоци.

Податоците доаѓаат од компанијата SensorTower и тие степенот на заработка во овој случај го прикажуваат преку бројка на издавачи кои за првпат успеале да ја поминат границата од 1 милион долари во текот на годината.

Бројката на такви издавачи е скоро дупло поголема на App Store во споредба со Play Store, поточно истата е поголема за 1,7 пати.

App Store минатата година имала 66 издавачи кои имале приходи од 1 милион или повеќе, скоро дупло повеќе од 2015 кога имало 34 такви издавачи.

На Google Play Store во 2016 имало 39 издавачи кои успеале да направат милион, а зголемувањето од 2015 е многу поголемо од тоа на Apple, односно 2,8 пати повеќе од 14-те такви издавачи таа година.

Податоците исто така покажуваат кои категории на апликации ги носат овие приходи и како што можеби и би очекувале, на прво место на двете платформи се наоѓаат игрите.

Разликата е што на Play Store овој процент е поголем, а другите категории се застапени со помали проценти, додека на App Store и другите категории може да се каже дека успеваат да се истакнат.

Бројките се однесуваат на заработка која се прави од дополнителните плаќања кои се скоро стандардни во денешно време во апликациите и не се земени во предвид заработките што се прават од реклами во самите апликации.

Извор: SensorTower, VB

Претходна статијаGoogle Photos воведе Archive функција за да ги сокриете сликите од главната страна
Следна статијаMicrosoft официјално го претстави Windows 10 China Government Edition
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.