15232271_137771880038884_3405010377716106611_n

WordPress е еден од најпознатите CMS (Content Management System) системи кои им овозможуваат на милиони корисници одржување на својата веб страна. Кратко кажано, ваквите системи, заедно со огромниот избор на готови веб страни (темплејти) им овозможуваат на корисниците лесно да дојдат до веб страна, односно истата да ја одржуваат и без потреба од познавање на веб дизајн или некој програмски јазик.

Оваа платформа моментално се користи на 26% од веб страните во светот, а сигурни сме дека таа бројка ќе продолжи да се зголемува.

WordPress има и своја заедница во Македонија, составена од програмери, дизајнери, ентузијасти и слично кои веќе 7 години по ред неофицијално се собираат и разговараат за платформата, а веќе имаат и придонесено преку преведување на истата на македонски јазик.

Наредната средба, која ќе се одржи идната недела на 7 декември во Јавна Соба од 20:00 часот, е посебна. Тоа е така поради добивањето на официјална поддршка од WordPress.org, со што оваа заедница станува дел од светската.

Сите заинтересирани ќе можат да го посетат настанот, а истиот вклучува и посебна програма која ќе го направи поинтересен и покорисен. Програмата на настанот ги вклучува следните точки:

  • “WordPress themes, the right way”, Како да создадеш оригинални теми, или да модифицираш постоечки; Презентација на Митко Кочковски, Lead Developer и сопственик на Devvironment
  • Help Sеction – Си заглавил со нешто? Треба помош? Те интересира нешто ново? Ова е моментот да си прашаш :)
  • Планирање на следни Meetup-и и предавања.

Повеќе информации околу настанот можете да видите на неговиот Facebook Event или Meetup на следниот линк.

Претходна статијаreMarkable е таблет со „дигитална хартија“ на кој може да пишувате и цртате
Следна статијаГолем број на луѓе ги тестираа новите NIKE PEGASUS 33 SHIELD патики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.