houses under the cloudy sky

Intracom Telecom, светски продавач на телекомуникациски системи и решенија, објави дека EOLO SpA, италијански телекомуникациски оператор кој се фокусира на ултра-широкопојасни мрежи во суб-урбани и рурални подрачја, го има избрано WiBAS™-Connect за имплементацијата на ултра-широкопојасна безжична резиденцијална мрежа низ рурална Италија. EOLO планира да ја заврши изградбата на својата нова мрежа во период од 5 години, станувајќи првиот оператор кој ќе понуди 5G брзини на домовите и бизнисите.

Како дел од рамката на овој мултимилионски договор, Intracom Telecom ќе го изврши снабдувањето со нивните Point-to-Multipoint системи за EOLO, овозможувајќи му на операторот да развие безжична мрежа за поврзување на домовите и бизнисите низ Италија кои не можат да бидат покриени со оптичка и ADSL/VDSL мрежа. Ова прво развивање на PtMP мрежа ќе му овозможи на EOLO да го подобри своето покривање (13 региони, 70 провинции) на Италија и да понуди интернет брзини до 100Mbps на своите претплатници. Целосниот договорен обем е за PtMP мрежа за неколку стотини илјади претплатници, составена од базни станици и кориснички уреди кои ќе работат на 28GHz опсег, неодамна доделен на EOLO од италијанската влада.

Инсталацијата на WiBAS™-Connect е дел од моменталното екстензивно инвестирање на EOLO во својата брзорастечка мрежа во цела Италија, со цел да станат првиот оператор на ултра-широкопојасни сервиси за домашни корисници и мали и средни бизниси во суб-урбаните и руралните делови од земјата. Изборот на мултипоинт технологијата на Intracom Telecom следеше по ригорозно тестирање направено од страна на EOLO експерти. WiBAS™-Connect се докажа како оптималното решение моментално достапно на пазарот, кое ја задоволува долгата листа на критериуми.

Коментирајќи за добивањето на проектот, Г-дин. Лука Спада, Претседател на бордот на директори и Главен извршен директор на EOLO, рече: „Како што EOLO ја проширува својата покриеност и воведува нови сервиси со додадена вредност за своите претплатници, беше важно да се оформи стратешко партнерство со компанија како Intracom Telecom која може да ни помогне во остварувањето на нашите цели да овозможиме 5G спремни сервиси во повеќе региони во Италија, со цел да го збогатиме искуството на претплатниците“. Дополнително, Г-дин. Спада истакна: „Почнувајќи од вториот семестар на 2017, 5G спремна мрежа, способна да овозможи вистинска поврзаност од 100Mbps за симнување и 50Mbps за прикачување, ќе ја поддржи нашата земја да постигне водечка позиција во 5G, со важен фокус на тие периферни области каде оптичките мрежи нема да бидат достапни во наредните години“.

Г-дин Мохамед Ахмед, Претседател на бордот на директори и Главен извршен директор на Intracom Telecom, рече: „Ние сме среќни што сме партнери со EOLO и ги поддржуваме да ја остварат својата визија да бидат првиот оператор во Италија за ултра-широкопојасен интернет за руралните домашни претплатници. Работевме напорно со EOLO изминатите години да ја овозможиме нашата напредна технологија, да ги задоволи нивните високи барања. Ние сме решени да бидеме дел од нивниот успех“.

Intracom Telecom ја акумулира својата стручност изминатите 40 години обезбедувајќи иновативни безжични решенија, успешно развивајќи ги и пуштајќи ги во употреба нивните Point-to-Multipoint системи кај бројни оператори во Европа, Југоисточна Азија и Африка, следејќи ја растечката побарувачка за сервиси со широкопојасен пристап.

Претходна статијаНова бионичка рака може да види што има пред неа
Следна статијаСредношколци го освоија 5тото јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge во Македонија